Мрежести хулахопки на тениски терен: Нов контроверзен стајлинг на Серена Вилијамс (фото)
- Детали
- вторник, 15 јануари 2019
Во тесниот зелен комбинезон таа ги истакна облините, а многумина проценија дека стајлингот е катастрофален.
Во август минатата година на French Open Серена Вилијамс се појави со тесен црн комбинезон и доби забрана од Француската тениска федерација за носење на истиот на терените.
Потоа тенисерката повторно предизвика лавина од реакции со виолетовото здолниште од тул со кое се натпреваруваше на US Open.
Сега, 37-годишната спортистка на Australian Open во Мелбурн облече црн комбинезон од ликра од Nike и мрежести хулахопки.
Нејзиниот контроверзен стајлинг предизвика лавина од реакции и додека на некои им се допадна, други го проценија како катастрофален.
Што мислите вие?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





