10 фотки како доказ - Зошто Рами Малек е следната голема модна икона?
- Детали
- понеделник, 18 февруари 2019
Номиниран за „Главна машка улога“ во филмот Bohemian Rhapsody на претстојните Оскари кои треба да се одржат на 24 февруари, се чини дека Рами Малек, 37-годишниот актер од Калифорнија конечно ги добива заслужените 5 минути слава.
Сепак, се надеваме дека ќе траат подолго, а тие што се малку повеќе упатени во неговата кариера, добро знаат дека неговите „5 минути слава“ започнаа многу порано.
Тој ја толкува и главната улога во ТВ серијата Mr. Robot која започна со емитување во 2015 година, а заедно со Чарли Ханам заврши одлична работа во филмот Papillon од 2017 година.
Освен на филмското платно, Малек особено внимание предизвикува и на црвениот тепих. Тој се смета за еден од најдобро облечените ѕвезди на денешницата, а неговите продорни сини очи, високи јаболчници и неодоливата насмевка секако не се излишни. Голем дел од брендовите „се тепаат“ да го облечат актерот кој очигледно разви приврзаност кон францускиот Диор.
Не е никакво чудо што Малек стана едно од заштитните лица на Dior Homme во 2017 година, покрај Бој Џорџ и раперот A$AP Rocky.
Неговите египетски корени го прават исклучително привлечен и невозможно е да се занемари неговото присуство на која и да било манифестација. Додека нетрпеливо ги очекуваме резултатите од најпрестижните филмски награди на планетата и неговото појавување, погледнете ги најдобрите модни изданија на Рами Малек:
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





