Со шапка, скриена од папараците: На какво тајно патување замина Меган Маркл?
- Детали
- вторник, 19 февруари 2019
По кој повод Меган Маркл го посети Њујорк? Изгледа војвотката сепак не ги заборава другарките...
Меган Маркл ги обожава камерите и не пропушта пригода да биде во центарот на вниманието, но овој пат таа беше фотографирана во Њујорк, како се обидува да се сокрие. Во црн капут и со сиво капче 37-годишната војвотка се трудеше да мине незабележано.
Таа појде на кратко патување во Њујорк за да мине време со нејзините пријателки пред пристигнувањето на првото бебе на пролет.
Торбите ѝ ги носеше член на кралскиот персонал, задолжен за обезбедување, додека Меган го криеше лицето.
Иако Меган со стајлингот се обиде да не биде впечатлива, нејзиниот голем свршенички прстен сепак беше препознатлив и од далеку.
Меган и Хари нема да го знаат полот на детето сè до породувањето и тоа е практика кај многу британски семејства.
На припадниците на кралското семејство не им е дозволено и да организираат забави по повод пристигнувањето на бебето, сепак судејќи според фотографиите, Меган можеби тајно ќе го стори тоа со своите другарки во САД, бидејќи таму тоа е традиција.
Папарацо фотките од Меган:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





