Меган и Хари се одвоија од Кејт и Вилијам - првите фотки на нивниот Инстаграм профил
- Детали
- среда, 03 април 2019
Досега Хари и Меган го „делеа“ Инстаграм профилот на Кензингтонската палата заедно со Вилијам и Кејт, но сега имаат нов, сопствен профил.
Војводата и војвотката од Сасекс го отворија нивниот прв официјален профил @sussexroyal, каде ќе ја споделуваат нивната работа и важни известувања.
Тие им се заблагодарија за поддршката на нивните следбеници и фанови и во описот им посакаа добредојде на сите што сакаат да ја следат нивната работа.
Принцезата Еугенија им посака добредојде на Меган и Хари на Инстаграм, така што објави фотка од нив на нејзиниот профил и напиша „Добредојдовте братучеди“.
За „отворањето“ на нивниот официјален профил, тие се одлучија да објават 9 омилени фотки:
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





