Традиционални вредности, полни сметки во банка - Детали за детството на Кардашијан-Џенер сестрите
- Детали
- недела, 07 април 2019
Иако можеби е тешко да замислите, сепак имало време кога Кардашијанс не биле во центарот на вниманието, но како изгледало нивното детство?
Пред реалното шоу, козметичките брендови и милионите долари и следбеници на социјалните мрежи, тие биле само обично (малку побогато) семејство.
Тие брзо ја стекнаа нивната слава, но многу детали од нивното детство на јавноста не ѝ се познати.
Какви биле Кардашијан-Џенер сестрите како деца и пред да бидат славни?
- Првото момче на Ким бил внукот на Мајкл Џексон, а се гледале 3 години.
- Пред бракот со Крис, во 2000-та година, на 19 години таа се омажила со музичкиот продуцент Дејмон Томас во Лас Вегас, но по 4 години се развеле.
- Роберт Кардашијан и Крис Џенер се развеле во 1991, а Кардашијанс го поднеле тоа многу тешко.
- Кортни носела црно 5 години во знак на жалост за бракот на нејзините родители.
- Тие отсекогаш имале полни сметки во банка, уште пред сами да почнат да заработуваат и да градат кариера со брендови.
- Со оглед на тоа што биле родени во богато семејство, Кардашијанс отсекогаш патувале заедно низ светот на луксузни одмори со семејството, а таа традиција постои и ден-денес.
- Роберт Кардашијан ги воспитал децата да имаат традиционални вредности, но тој почина пред да започне реалното шоу, па јавноста никогаш немаше можност да го запознае.