Емилија Кларк со емотивна исповед за операцијата на мозок: „Им реков да ме остават да умрам“

Актерката од Game of Thrones сподели фотки од болница кога била оперирана од аневризми на мозок поради што за малку ќе го загубела животот и открива дека кога се вратила на снимање мислела дека ќе умре во секој момент.

emilija-klark-so-emotivna-ispoved-za-operacijata-na-mozok-snimanjeto-na-game-of-thrones-ja-motiviralo-da-se-bori-za-zhivot-01.jpg

Емилија Кларк откри дека додека ја снимала првата сезона од Game of Thrones, на 22-годишна возраст таа била оперирана од два аневризми на мозок, а вториот бил толку сериозен што можела да го изгуби животот.

32-годишната актерка во едно интервју се потсети на тешките моменти низ кои поминала по операцијата и сподели фотки од болница направени за време на закрепнувањето.

emilija-klark-so-emotivna-ispoved-za-operacijata-na-mozok-snimanjeto-na-game-of-thrones-ja-motiviralo-da-se-bori-za-zhivot-02.jpg

Додека зборуваше и за последиците кои тоа ги оставило врз нејзиното ментално здравје, а не само физичкото откри:

„Првиот пат беше тешко, но со вториот многу ми беше потешко да останам оптимистична. Се справував со тоа од ден за ден. Поминував низ тежок, мрачен период.“

emilija-klark-so-emotivna-ispoved-za-operacijata-na-mozok-snimanjeto-na-game-of-thrones-ja-motiviralo-da-se-bori-za-zhivot-03.jpg

Емилија објасни дека вториот аневризам бил многу сериозен и дека дел од мозокот на момент „умрел“, па таа се потсети:

„Докторите буквално го гледаа мозокот и велеа – Па, мислиме дека би можело проблемот да биде со нејзината концентрација, можеби нејзиниот периферен вид... Јас секогаш велам дека бил мојот вкус за мажи.“ – се пошегува актерката и откри дека најмногу се плашела тоа да не влијае на способноста за глумење.  

emilija-klark-so-emotivna-ispoved-za-operacijata-na-mozok-snimanjeto-na-game-of-thrones-ja-motiviralo-da-se-bori-za-zhivot-04.jpg

Операцијата се случила по првата сезона од серијата, а таа открива како било да се врати на снимање и дека тоа „ја спасило“:

„Одиш на снимање и глумиш силен и дрзок лик, одиш низ оган и им зборуваш на стотици луѓе и бараат од тебе да го дадеш најдоброто од себе. И тоа е тоа што ме спаси од размислувањето на мојата смртност.“

emilija-klark-so-emotivna-ispoved-za-operacijata-na-mozok-snimanjeto-na-game-of-thrones-ja-motiviralo-da-se-bori-za-zhivot-06.jpg

Крвавењето во мозок е многу сериозно, а третина од пациентите не преживуваат, па таа ги споделува најтешките моменти:

„Во моите најлоши моменти, сакав да ставам крај. Им кажав на докторите да ме остават да умрам.“

emilija-klark-so-emotivna-ispoved-za-operacijata-na-mozok-snimanjeto-na-game-of-thrones-ja-motiviralo-da-se-bori-za-zhivot-05.jpg

Кога се вратила на снимање на серијата, таа се чувствувала изгубено и мислела дека во секој момент ќе умре.

Емилија Кларк со емотивна исповед за операцијата на мозок – „Им реков да ме остават да умрам“

Погледнете го целото интервју:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца „Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои...
Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg