Не се раѓа после 30-та, мажот треба да е повисок - Стереотипи кои славните личности ги срушија
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не се раѓа после 30-та, мажот треба да е повисок - Стереотипи кои славните личности ги срушија

Животот не треба да се живее по строго одредени правила, а некои ѕвезди одлично го сфаќаат тоа.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-01.jpg

Во денешно време постојат многу стереотипи и сите знаат кој како треба да го живее сопствениот живот, што треба, а што не треба да прави.

Мажот треба да е постар и повисок од жената, брачниот партнер мора да е од ист социјален статус, мора да родите пред 30, но ако родите пред 20, ќе си го уништите животот и уште многу погрешни верувања, на кои многумина одлучуваат да се спротивстават.

Кои се славните кои ги прекршиле здодевните стереотипи?

Брачен партнер со ист социјален статус

Луѓето велат дека времето на Пепелашка поминало и дека богатите мажи си бараат жени со богатство на исто ниво.

Но, принцот Хари го прекрши овој стереотип и не само што се ожени со жена која не е со кралска крв, туку е и актерка.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-02.jpg

Часовникот отчукува и мора да имате деца

Марго Роби е среќна жена со прекрасен сопруг, брилијантна кариера и милиони фанови, но единственото што според многумина ѝ недостасува е дете.

Според стереотипите, веќе ѝ е време да остане бремена, но актерката признала дека не сака деца и со тоа го прекршува правилото дека „мора да имате дете ако сте венчани“.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-03.jpg

Ако родиш на млади години си го уништуваш животот

Кајли Џенер стана мајка на 20 години, а нејзиниот живот воопшто не е завршен, напротив сега почнува со оглед на тоа што на 21 година стана најмлада милијардерка во светот – што значи дека не значи дека ќе му ставите крај на животот кога ќе станете мајка на млада возраст.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-04.jpg

Но, не треба да чекате до по 30-та година

Шакира, Амал Клуни, Мерил Стрип, Салма Хајек, Џеј Ло и уште многу други славни личности се пример за жени кои родиле по 30-тата година, иако според оние кои разбираат сè тоа е невозможно. Уште еден пример е Ева Лонгорија која за првпат стана мајка на 43.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-05.jpg

Мажот мора да биде повисок од жената

Многумина имаат предрасуди кога ќе видат пар каде жената е повисока од мажот, но голем дел од славните личности не се грижат за тоа и ги рушат стереотипите, а токму такви се Адам Левин и Бехати Принслу.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-06.jpg

Мажот мора да биде и постар од жената

Постар или на иста возраст, но никако помлад од жената, според „експертите“ за сите полиња. Сепак, многу славни личности го рушат и овој стереотип, а еден од многуте примери е Крис Хемсворт кој има 35 години, а сопругата 42.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-07.jpg

„Погрешно ги воспитувате децата“

„Експертите“ секогаш се тука да кажат и дека сигурно правите нешто погрешно во воспитувањето на вашите деца, иако не е нивна работа, а Викторија Бекам е една од славните која е на мета на јавноста, но сепак не се грижи многу за нивното мислење.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-007.jpg

Ако мажот е сингл, нешто не е во ред со него

Иако има 44 години, Леонардо ди Каприо уште никогаш не бил женет, а има многу пријатели, совршена кариера и ништо не му недостасува.

ne-se-ragja-posle-30-mazhot-treba-da-e-povisok-stereotipi-koi-slavnite-lichnosti-gi-srushija-08.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности за кои не сте знаеле дека се врсници Сигурно некогаш сте забележале дека две личности кои се на иста возраст, може да...
Славни личности кои имаат различна боја на двете очи (фото) Дали некогаш сте забележале дека некои од славните личности немаат иста боја на ...
Славни личности чии деца се копија на нив кога биле на иста возраст (ф... Некои деца ги имаат очите или устата на мајката, а карактерот на таткото и обрат...