8 ѕвезди кои сега имаат милиони, а израснале во сиромаштија
- Детали
- четврток, 11 април 2019
Селена Гомез е родена кога мајка ѝ имала 16 години, а татко ѝ 17 и имала скромно детство со нејзината самохрана мајка. Татко ѝ на Ники Минаж бил зависник од дрога и ја тепал мајка ѝ.
Денес се познати и водат завиден живот, но имале не многу сјајно детство во многу сиромашни семејства.
Ѕвезди кои сега имаат милиони, а израснале во сиромаштија:
Лејтон Мистер
Нејзините родители шверцувале марихуана од Јамајка во САД. Мајка ѝ голем дел од бременоста го минала во затвор во Тексас, а и таму ја родила Лејтон, која потоа до одредена возраст ја одгледувала баба ѝ.
Мараја Кери
По разводот од таткото на Мараја Кери, мајка ѝ ја одгледувала неа и нејзиниот брат сама. Таа била оперска пејачка, но работела повеќе работи едновремено за да ги издржува.
Селин Дион
Селин е најмладата од 14 деца. Нејзиното семејство живеело во мала куќа, но недостигот од пари и простор ѝ бил компензиран со големата родителска љубов.
Џенифер Лопез
Џеј Ло е израсната на една од најопасните улици во Бронкс, а нејзините родители едвај говореле англиски. Со нив и со двете сестри Лопез живеела во многу мал стан, но од дома ја поттикнувале да пее и танцува за да заборави на проблемите.
Уште 4 ѕвезди на следната страна...
Би можело да ве интересира:





