Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милионите?

За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само 65 секунди, но за да се „ослободи од сопругата“ морал да ѝ купи палата и да ѝ остави милиони. Потоа платил милиони за да купи куќа во која ќе живее со љубовницата. Како Роуан Аткинсон ги троши парите?

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-01.jpg

Речиси да нема човек на планетата земја што не слушнал за Мистер Бин и актерот Роуан Аткинсон (69), кој се прослави благодарение на него. Актерот во својата блескава кариера успеа да заработи милиони, а се проценува дека неговото богатство во моментов тежи околу 150 милиони долари.

Тој се прослави играјќи го комичниот лик на Англичанецот кој насекаде оди со својот жолт Мини Морис и живее со најдобриот пријател мечето Теди, но, Роуан во приватен живот сака да ужива во луксузот и да води живот на висока нога, како и сите останати славни актери.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-02_copy.jpg

Роуан заработува од својата актерска кариера, од појавувањето во реклами, како и од пишувањето сценарија и работата како продуцент, но не штеди кога сака да ги задоволи сопствените потреби и желби.

Познато е дека Роуан во приватниот живот е огромен вљубеник во автомобили и има импресивна колекција.

Така во екот на својата слава, во 1997-ма година, кога неговите скечеви масовно се продаваа на аудиокасети низ целиот свет, Роуан успеал да најде супер редок автомобил McLaren F1, кој се смета за првиот хиперавтомобил.

Според неговите изјави, актерот за овој редок примерок во својата колекција платил околу 620.000 илјади долари.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-04.jpg

Но, немал среќа долго време да ужива во него.

Две години откако го купил, имал сообраќајна несреќа и удрил во автомобил што возел пред него, па успеал да ја оштети предницата на автомобилот изработена од карбонски влакна. Не е познато колку пари потрошил за да го поправи автомобилот во тој период.

Во 2006-та година тој потрошил 3,2 милиони долари за да си купи имот од 1930-та година во срцето на Оксфордшир, во Англија, каде избрал да живее подалеку од папараците, бучавата и љубопитните очи на публиката.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-07.jpg

Во тоа време, локалното население се радувало што британскиот актер ја купил старата историска куќа и ќе ја обнови, но актерот имал сосема поразлични планови за имотот.

Наместо да ја реновира старата куќа, тој одлучил целосно да ја сруши и на нејзино место да изгради ултрамодерен дом со стакло, и модерно уредување, кое според локалното население стрчи од околината, па затоа куќата ја нарекуваат „вонземска бензинска пумпа“.

Се проценува дека за да го изгради домот од соништата, актерот потрошил околу 7 милиони долари.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-06.jpg

Во 2011-та година, актерот имал уште една несреќа со супер реткиот автомобил, која овојпат за малку можела да го чини и живот.

Познато е дека тој загубил контрола над возилото, по што удрил во дрво. Автомобилот се скршил на два дела и веднаш се запалил, а Роуан за среќа успеал да побегне.

Поправката на автомобилот траела цели 2 години и чинела околу 1,2 милиони долари. Но, една година подоцна, тој одлучил да го стави на аукција и го продал за 12,2 милиони долари.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-05.jpg

Во истиот период, Роаун се соочувал со проблеми со имотот каде што го изградил домот од соништата, но и со бракот.

Во 2014-та година актерот се нашол среде развод со сопругата со која бил во брак 24 години Сунетра Састри, а со оглед на тоа што куќата била изградена во време кога тие двајца биле заедно, во таблоидите се пишуваше дека тој ќе мора да се откаже од куќата која ја градеше со години.

Документите за развод ги поднела сопругата, која го обвинила за неразумно однесување, затоа што тој одлучил да го напушти семејството и да живее со двојно помлада актерка од него.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-12.jpg

Роуан во тој период ја запознал младата актерка Луис Фрод, која е 29 години помлада од него и веднаш се вљубил.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-10.jpg

Роуан и Сунетра се разведоа во 2015-та година, во рекордно судско рочиште што траело само 65 секунди.

Но, за да може да постигне ваков договор, познато е дека на поранешната сопруга морал да ѝ купи имот вреден 26 милиони долари во Челзи и се верува дека ѝ платил дополнителни 7 милиони долари за да постигнат договор.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-03.jpg

Тој во последните години живее со партнерката Луис и нивната ќерка Исла која ја добија во 2017-та година.

Актерот не живее во својата куќа од соништата, туку во домот што тој го купил во 2016-та година во Северен Лондон, по цена од 6 милиони долари.

platil-nad-30-milioni-za-da-se-razvede-od-soprugata-za-65-sekundi-kako-mister-bin-gi-troshi-milionite-11.jpg

Прочитајте и Факти за Мистер Бин, Роуан Аткинсон - има 26 години помлада девојка, на 62 години стана татко по трет пат

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава