Пред и потоа: Ѕвезди кои се изборија со зависноста од алкохол

Барањето за развод на Џоли го натера Бред Пит да се пријави на клиника за одвикнување од алкохол.

pred-i-potoa-dzvezdi-koi-se-izborija-so-zavisnosta-od-alkohol-01.jpg

Алкохолот и зависноста од дрога често се негативни „ефекти“ на славата.

За среќа, некои од познатите личности кои имаа ваков проблем успеаја да се изборат со зависноста.

Ѕвезди кои некогаш беа „навлечени“ на алкохол:

Памела Андерсон

Ѕвездата која била физички злоупотребувана како дете, како возрасна личност се обидувала да го заборави понижувањето со помош на алкохол и дрога.

Во 2014 таа проговори за зависноста од алкохол, а со професионална помош се избори со тоа и денес изгледа одлично.

pred-i-potoa-dzvezdi-koi-se-izborija-so-zavisnosta-od-alkohol-02.jpg

Кејт Мос

Како и многу модели, така и Кејт Мос имаше бурна младост со многу забави и консумирање на алкохол и дрога.

Резултатот беше тоа што Кејт заврши на психијатриска клинка во 1998 година на третман за одвикнување.

pred-i-potoa-dzvezdi-koi-se-izborija-so-zavisnosta-od-alkohol-03.jpg

Бритни Спирс

Сериозната депресија во комбинација со алкохолот направи Бритни да ги полни медиумите.

Во 2009 година таа се врати на сцената со поддршката од татко ѝ, кој моментално се справува со здравствени проблеми и поради тоа Бритни повторно има ментална криза.

pred-i-potoa-dzvezdi-koi-se-izborija-so-zavisnosta-od-alkohol-04.jpg

Бред Пит

По барањето за развод од страна на Анџелина Џоли во 2016 година Бред одлучи да поработи на своите лоши навики. Тој призна дека консумирањето алкохол негативно влијаело врз односот со неговото семејство.

Уште од колеџ тој пиел секој ден, а дури по скандалот со Џоли одлучи да се пријави на рехабилитација.

pred-i-potoa-dzvezdi-koi-se-izborija-so-zavisnosta-od-alkohol-05.jpg

Линдзи Лохан

Популарноста стигна прерано кај неа, а таа не беше подготвена. Актерката речиси никогаш не беше сосема свесна, па дури и возеше во таква состојба.

Беше на рехабилитација неколку пари, но дури сега почна да обрнува поголемо внимание на здравјето.

pred-i-potoa-dzvezdi-koi-se-izborija-so-zavisnosta-od-alkohol-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Светски ѕвезди кои не веруваат во брак и никогаш не се венчале Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Рајан Гослинг, Ал Пачино и Кајли Миног се само ...
Приказната на актерот Родриго Санторо: Доби благослов од папата за улогата на Исус, го нарекуваат бр... Несудениот новинар, Родриго Санторо, денес е еден од најпопуларните бразилски ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg