-->
Ѕвезди кои прават добри дела од срце, а не за поголема слава
Светските ѕвезди ја покажуваат славата на различен начин – некој создава бариера и не дозволува никој да му пристапи, а други сакаат да ја споделат сета моќ и богатство со оние на кои им е потребно тоа.
Додека постојат славни личности кои сакаат да прават добри дела за да ги фотографираат, да привлечат медиумско внимание и да добијат предности во корист на славата, има и такви кои го прават тоа бидејќи имаат големо срце.
Постојат неколку славни личности кои уживаат во тоа да прават добри дела и не остануваат само на зборови.
Кои се славните личности кои важат за најхумани и какви дела имаат направено?
Адел
- На нејзиниот концерт во 2011, сите гости кои имале слободен влез (промотери, новинари, вработени), требало да донираат по 20 долари во фонд за борба против смртност кај деца.
- Им помогнала на жртвите од пожарот на Grenfell Tower
- Кога доби Греми за најдобар албум, таа ја скрши на пола наградата и ја подели со Бијонсе
Кристијан Бејл
- На своја иницијатива, тој ги посетил жртвите од терористичкиот напад кој се случил на проекција на филмот Dark Knight Rises
- Тој ја исполнил желбата на 4-годишно момче болно од леукемија, кое сакало да го види Бетмен и поминал цел ден со него и неговото семејство во Дизниленд
- Обезбедува финансиска поддршка за многу организации за човечки права и околина
Принцот Хари и Меган Маркл
- Наместо свадбени подароци, парот побарал гостите да придонесат за одредени хуманитарни организации
- Исто така, наместо подароци за бебето кое го очекуваат, преферираат финансиски придонес за родителите и децата на кои им е потребно тоа
- Двајцата се вклучени во многу организации за заштита на правата на децата и жените, за поранешни воени лица или организации за борба против одредени болести
Крис Еванс
- Помага финансиски во хуманитарни организации за детска онкологија и ја поткрева свеста за овој проблем
Марк Волберг
- Има фондација која секоја година организира божиќни забави за семејствата со низок приход
- 5 милиони долари од надоместот кој го добил за филмот All the Money in the World, донирал за помош на жртви од сексуално насилство
Џастин Бибер
- Тој има презакажано концерт откако дознал дека 7-годишен фан кој има леукемија нема да може да дојде, па тој отишол да ја посети
- Донирал милиони долари за да се реконструираат училишта во Гана
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

Ѕвезди кои се појавиле во сличен модел на фустан, но изгледале сосема поинаку
Како стои сличен модел на макси фустан на Скарлет Јохансон и Меган Маркл? Која г...

Џенифер Гарнер фрла ѓубре, раперот Lil Nas X во розово здолниште: Како изгледа секојдневието на ѕвез...
Како изгледаат Бен Афлек и Џеј Ло кога следат протокол за корона, како изгледа А...

Криси Тајген за изгубеното бебе: „Ја носиме неговата пепел на патувања, децата му оставаат чаша вода...
Криси Тајген вели дека ја чуваат пепелта на синот Џек што го изгуби минатата год...