Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На кого личи Арчи, најмалиот член на британското кралско семејство?

Неодамна фановите имаа можност да ја видат првата фотографија од Арчи. Принцот Хари го прослави неговиот прв Ден на таткото споделувајќи фотографија од неговиот син.

na-kogo-lichi-archi-najnoviot-chlen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-01.jpg

На заедничкиот профил со неговата сопруга Меган Маркл, Хари сподели црно-бела фотографија на која се гледа тој со неговото новородено дете.

Очите на Арчи се совршена комбинација од неговите родители, барем според нивните фотографии од бебиња. Во објава од 2017-та година за Денот на таткото, Меган му се заблагодари на татко ѝ што ѝ го дал „препознатливиот Маркл нос“. Изгледа дека носот го наследил Арчи.

na-kogo-lichi-archi-najnoviot-chlen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-02.jpg

Бидејќи фотографијата не е во боја, тешко е да се одреди дали Арчи ја наследил впечатливата црвена коса на татко му, или темната коса на мајка му.

na-kogo-lichi-archi-najnoviot-chlen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-03.jpg

Меган изјавила дека сè уште се обидуваат да откријат на кого лични Арчи. Принцот Хари се согласува:

„Секој вели дека бебињата се менуваат многу за две недели. Ние едноставно набљудуваме како се одвива овој процес на промена. Неговиот изглед се менува секој ден, па којзнае“, изјавил Хари.

na-kogo-lichi-archi-najnoviot-chlen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-04.jpg

На Денот на мајката, кралскиот пар сподели фотографија од стапалата на нивниот син сместени во рацете на Меган.

Фотографијата беше и оддавање почит на починатата мајка на Хари, принцезата Дијана – во позадина можат да се видат омилените цветови на Дијана.

na-kogo-lichi-archi-najnoviot-chlen-na-britanskoto-kralsko-semejstvo-05.jpg

„Оддавање почит на сите мајки – минати, сегашни и идни и оние кои се изгубени, но не и заборавени. Ве цениме и славиме сите вас“, пишува во описот на фотографијата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Линдзи Лохан пијана се обиде да киднапира дете: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Се сеќавате на актерот Арчи Хамер за кој пред четири години се појавија обвинени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg