Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Неискрени се и ме бркаат од животот“ – Таткото на Меган го критикува кралскиот пар и моли да го види внукот

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, наводно ја моли својата ќерка да му дозволи да го види неговиот внук Арчи. Истовремено, тој го обвинил кралскиот пар за нивната неискреност.

tomas-marjkl-tatkoto-na-megan-ja-kritikuva-kjerka-si-i-prinor-hari-i-moli-da-go-vidi-maliot-archi-01.jpg

Томас изјавил дека ако не му дозволуваат да го види внукот, сакал барем да добие фотографија од Арчи.

„Зарем тоа не го сака секој дедо? Би сакал да знам дали го има познатиот Маркл нос.“

tomas-marjkl-tatkoto-na-megan-ja-kritikuva-kjerka-si-i-prinor-hari-i-moli-da-go-vidi-maliot-archi-03.jpg

Томас неодамна дал интервју, нешто што ја зачуди јавноста, бидејќи до неодамна се држеше подалеку од очите на јавноста. Причината за ова била бременоста на Меган и тоа што не сакал да ѝ предизвикува проблеми во тој период.

„Немаше никако проблем помеѓу мене и Меган до неодамна. Останав во сенка бидејќи Меган беше бремена со Арчи, но зборувам сега бидејќи тие и нивните ПР луѓе почнуваат да ме бркаат од нивниот живот.“

tomas-marjkl-tatkoto-na-megan-ja-kritikuva-kjerka-si-i-prinor-hari-i-moli-da-go-vidi-maliot-archi-02.jpg

Меган и татко ѝ ги заладија односите откако Томас среди фотосесија за папараците за време на венчавката на Хари и Меган. Овој потег беше за да си го подобри имиџот во јавноста.

Сепак, сфатил дека направил грешка, па дури и сакал да му се извини на кралското семејство. Но, Меган и Хари го замолиле да не го прави тоа.

Томас ја ја пропушти венчавката на неговата ќерка, наводно поради два инфаркти. Изјавил дека ниту Хари ниту Меган не го прашале како е во тој период, иако тој им пратил порака и им кажал дека се наоѓа во болница.

Можеби знаете дека Меган има изјавено дека самата се финансирала додека била на факултет, но Томас вели дека и ова не е вистина.

Тој вели дека тој платил за нејзиното образование, како и за нејзините патувања во Шпанија и Англија. За него била вистинска чест да плати за образованието на ќерка си.

„Доста ми е од лаги. Доста ми е да бидам исклучен од нивните животи. Отсекогаш сум ја завршувал мојата должност како татко. Коментарите на Меган за тоа дека сама си платила за факултет се навредливи за мене.“

tomas-marjkl-tatkoto-na-megan-ja-kritikuva-kjerka-si-i-prinor-hari-i-moli-da-go-vidi-maliot-archi-04.jpg

Како сето ова да не е доволно, Томас почнал да ги обвинува Меган и Хари и за нивното летање со приватен авион. Сметал дека е срамно што Хари и Меган се залагаат и зборуваат за едно, а прават нешто сосема друго.

„Сите зборуваат за тоа колку се прекрасни и грациозни, но тие не се добри кон своето семејство. Не можете да се прикажувате како добра личност, а потоа да бегате од вашиот татко и целото ваше семејство.“

„Уште го немам запознато Хари. Зошто принцот Хари не може да се качи на авион и да ја побара раката на ќерка ми? Очигледно не му е проблем да лета со приватни авиони.

Ако сака да дојде и да ме види со приватен авион, има аеродром во близина во Тихуана, а Сан Диего е веднаш преку граница. Има дузина комерцијални летови од Англија до Сан Диего и Лос Анџелес секој ден.“

И покрај сите критики и лоши зборови, Томас заклучил дека сепак сака да го смири односот со војвотката Меган и принцот Хари.

tomas-marjkl-tatkoto-na-megan-ja-kritikuva-kjerka-si-i-prinor-hari-i-moli-da-go-vidi-maliot-archi-05.jpg

Во февруари, Томас го објави писмото што му го напиша Меган после кралската венчавка, во кое го моли повеќе да не зборува со медиумите.

„Ако ме сакаш како што им кажуваш на медиумите, те молам престани. Те молам дозволи ни да си ги живееме животите. Те молам престани да лажеш, те молам престани да создаваш толку многу болка, те молам престани да ми ја експлоатираш врската со сопругот.

Сфаќам дека си длабоко во зајачката дупка и дека можеби мислиш дека нема излез, но ако одвоиш момент да размислиш, мислам дека ќе сфатиш дека живеењето со чиста свест е повредно од која било плата.“

Меган исто така тврди дека никогаш не добила порака дека татко ѝ е во болница.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg