Патот на Били Ајлиш до светска слава низ 15 фотографии

2019: When We All Fall Asleep, Where Do We Go?

На голема радост на сите нејзини фанови, во 2019-та Били го издаде долгоочекуваниот деби албум When We All Fall Asleep, Where Do Wе Go?

Албумот го прикажува созревањето на Били, но и се фокусира на проблеми како зависност, ментално здравје, скршено срце и самоубиство.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-09.jpg

2019: Коачела

Били отсекогаш била огромен фан на Џастин Бибер. Во 2019-та, таа конечно имаше можност да го запознае, кога настапуваше на познатиот музички фестивал Коачела.

Истата година, таа ја објави и соработката со Џастин – ремиксот на популарната Bad Guy.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-10.jpg

2019: Кампања против стандардите за убавина

Били е препознатлива по широката облека и има изјавено дека не сака да знаеме сè за неа, па оттаму и нејзиниот стил.

„Никој не може да има мислење бидејќи не знаат што се наоѓа оздола“, вели пејачката во кампањата против наметнатите стандарди за убавина.

Били има изјавено дека ако носи тесна облека или ако го покаже нејзиното тело, сигурно ќе биде мета на многу сексистички коментари.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-11.jpg

2019: Жена на годината

После успешната година, Billboard ја прогласи Били за Жена на годината.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-12.jpg

2020: No Time to Die

Били ја започна новата година поставувајќи нов рекорд – стана најмладиот артист кој напишал и испеал песна за серијалот James Bond.

Песната е дело на Били и нејзиниот брат, а токму овој со овој сингл Били вистински ги покажа нејзините вокални способности.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-13.jpg

2020: Најмладиот добитник на Греми

2019-та беше одлична година за музичката индустрија – најголемите музички имиња го дадоа својот придонес.

Но, во 2020-та, дефинитивно владееше Били. Таа стана најмладата личност која добила Греми, а дома си замина со дури пет статуетки.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-14.jpg

2020: Настап на Оскарите

Во февруари годинава, Били и нејзиниот брат со нивниот настап им оддадоа почит на сите актери, артисти и познати личности кои починале.

Таа ја изведе легендарната Yesterday на Битлси и синглот што го напиша за James Bond.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-15.jpg

2020: Моќна порака

Били ја започна светската турнеја Where Do we Go? во Мајами, а го искористи моментот да прозбори за нереалните стандарди за убавина.

„Телото со коешто се родив, зарем не е тоа што го сакаш? Ако она што го носам е удобно, не сум жена. Ако ја тргнам облеката, јас сум к***а“, се зборовите што ги кажа Били во видеото кое беше пуштено на концертот.

Во видеото се гледа пејачката како ја соблекува маицата и останува само со градник.

patot-na-bili-ajlish-do-svetska-slava-niz-15-fotografii-16.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg