Роберт Де Ниро и Ал Пачино - повеќе од 50 години: Холивудски пријателства кои траат со децении

Џејда Пинкет Смит и Квин Латифа, пријателки од 1987-ма

Овие две жени се познаваат уште од тинејџерските години. Се запознале во една дискотека, каде што тогаш 17-годишната Квин Латифа ималa настап. Џејда била воодушевена од изведбата и едвај чекала да ја запознае.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-06.jpg

Џенифер Лопез и Леа Ремини, пријателки од 2004-та

Џеј Ло и Леа заедно се појавуваат во „Second Act“, но тие се познаваат долго пред снимањето на филмот. Наводно, Марк Aнтони ги запознал во 2004-та, на една филмска премиера.

„Тогаш се вљубивме една во друга. Тоа беше еден од оние моменти каде што веднаш си помислувате ’Ја сакам оваа личност. Сакам да се дружам со неа. Оваа личност знае да ме насмее‘. Прекрасна е и имаме многу сличности“, има изјавено Џеј Ло за нејзината пријателка.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-07.jpg

Ал Пачино и Роберт Де Ниро, пријатели од 1960-тите

Ова е дефинитивно едно од најдолгите пријателства во Холивуд. Актерите првпат се запознале во доцните 60-ти, кога и двајцата беа на почетокот од кариерата.

Кога го прашаа Ал Пачино за нивната прва средба, тој изјави:

„Многу добро се сеќавам на средбата. Го видов ова момче и си помислив дека има неверојатна харизма. Не правеше ништо. Само зборуваше. Но се чувствуваше нешто од него“.

Интересно е што двајцата многупати се натпреварувале за иста улога, но ова никогаш не им го разнишало пријателството.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-08.jpg

Џастин Тимберлејк и Рајан Гослинг, пријатели од 90-тите

Џастин и Рајан се запознале на почетокот на 90-тите, кога и двајцата беа дел од The Mickey Mouse Club. Рајан дури и живеел кај семејството на Џастин некој период, поради проблеми со државјанството.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-09.jpg

Леонардо ди Каприо и Тоби Мегваер, пријатели од 80-тите

Познатите актери се запознале кон крајот на 80-тите, кога заедно оделе на аудиции.

„Откако го запознав Тоби на аудиција, веднаш помислив дека сакам да ми биде пријател“, се присетува Леонардо.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg