7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа

Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венчаа скоро две децении подоцна.

7-poznati-parovi-koi-se-venchaa-otkako-raskinaa-01.jpg

Некогаш вреди да ѝ се даде уште една шанса на пропадната врска, а ова важи и за познатите.

Неретко славните парови раскинуваат (и по неколкупати) пред да одлучат да се свршат и да стапат во брак.

Некои од нив до денес уживаат во љубовта, а други, сепак повторно решија дека не се еден за друг и се разделија. 

Неколку вакви парови во продолжение:

Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт

Врската на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт беше ништо помалку од бурна.

Парот се запозна во 2009 година, на сетот на The Last Song, а кратко по премиерата на филмот почнаа и гласините за нивната врска.

Тие се свршија во 2012-та, но дотогаш веќе имаа раскинато неколкупати.

Сепак, свршувачката не потраја долго и тие се разделија во 2013-та.

Околу три години подоцна, парот беше забележан на музички фестивал, а потоа ги потврдија гласините дека се заедно и соопштија дека повторно се свршени.

Конечно се венчаа во 2018 година. Но, ни бракот не траеше долго.

Парот се раздели во 2019-та, а го финализираа разводот во 2020 година.

7-poznati-parovi-koi-se-venchaa-otkako-raskinaa-02.jpg

Џастин и Хејли Бибер

За разлика од Мајли и Лијам, Џастин и Хејли Бибер уште се заедно, но и нивната врска си имаше бројни подеми и падови.

Џастин и Хејли се запознале уште во 2009-та, но првите гласини за нивната врска почнаа во 2014 година.

Тој период Џастин само што раскина со Селена Гомез, па наводната врска со Хејли привлекуваше многу внимание.

Парот првпат беше забележан заедно кон крајот на 2015-та, но веќе следната година раскинаа.

Хејли самата изјави дека не разговарала со Џастин кој тогаш повторно беше со Селена. Џастин, пак, не сакал да биде во иста просторија со неа.

Џастин и Селена раскинаа во 2018-та, а тогаш пејачот ја обнови врската со Хејли.

Тие се свршија кратко откако се смирија, а некој месец подоцна направија и свадба.

7-poznati-parovi-koi-se-venchaa-otkako-raskinaa-03.jpg

Габриел Јунион и Двејн Вејд

Габриел и Двејн се запознале во 2007 година. Тогаш Двејн беше во фаза на развод.

Парот ја почна врската во 2009 година, но краток период во 2013-та беа разделени.

Тогаш и двајцата изјавија дека биле премногу зафатени за да можат да се посветат на врската.

Додека беа разделени, Двејн доби дете со друга жена.

Сепак, истата година кога се разделија, тие ѝ дадоа уште една шанса на врска, се верија, а до крајот на 2014-та веќе беа во брак.

Оттогаш тие се неразделни.

7-poznati-parovi-koi-se-venchaa-otkako-raskinaa-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg