Драма кралица со нов имиџ – Ријана затвори цел ресторан за сама да ужива во вечера со фризерот
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Драма кралица со нов имиџ – Ријана затвори цел ресторан за сама да ужива во вечера со фризерот

Освен што ја покажа новата фризура за која од многумина доби критики, Ријана покажа и дека е вистинска драма кралица, па отиде во ресторан затворен за други гости за сама да ужива во времето поминато со нејзиниот фризер. 

stilski-pogodok-ili-vistinska-katastrofa-rijana-ja-pokazha-novata-frizura-na-vechera-vo-los-andzheles-foto01.jpg

Ријана, која до неодамна имаше долга коса исплетена во плетенки, сега драстично ја променила фризурата, но на многумина не им се допаѓа нејзиниот нов изглед. 

Ријана беше на вечера во италијански ресторан во Лос Анџелес, со нејзиниот фризер Јусеф Вилијамс.

32-годишната пејачка ја покажа и новата фризура што ѝ ја направил Јусеф, позната како „mullet“. Сега косата на Ријана е долга одзади, а напред е кратка и има шишки.

stilski-pogodok-ili-vistinska-katastrofa-rijana-ja-pokazha-novata-frizura-na-vechera-vo-los-andzheles-foto-02.jpg

За повеќето оваа фризура изгледа смешно, но ѕвездите како Мајли Сајрус и Ријана, изгледа ќе ја направат тренд. Ријана имаше слична фризура во 2013-та година, што ја покажа на модната недела во Њујорк.

stilski-pogodok-ili-vistinska-katastrofa-rijana-ja-pokazha-novata-frizura-na-vechera-vo-los-andzheles-foto-04.jpg

Ријана и фризерот беа на приватна вечера во ресторанот - таа вечер ресторанот бил затворен за други гости.

Истовремено, ниту пејачката ниту нејзиниот фризер не носеа маски, иако во Лос Анџелес маските се задолжителни и на отворено. Дури и кога луѓето одат во ресторан, мораат постојано да ги носат маските освен ако не јадат.

За вечерата Ријана носеше црна маица со лого од бендот Pantera, широки бели панталони со зелен дезен и штикли на врзување. Комбинацијата ја дополнила со сребрен накит, црвен кармин и очила за сонце.

stilski-pogodok-ili-vistinska-katastrofa-rijana-ja-pokazha-novata-frizura-na-vechera-vo-los-andzheles-foto-03.jpg

Нејзиниот фризер, пак, носеше црни панталони и маица, и мантил со леопард принт.

stilski-pogodok-ili-vistinska-katastrofa-rijana-ja-pokazha-novata-frizura-na-vechera-vo-los-andzheles-foto-05.jpg

Ријана направи подолга пауза од музиката и се фокусираше на нејзиниот бренд Fenti. Сепак, во февруари годинава најави дека се вратила во студиото и работи на нов проект во Фарел Вилијамс.

Ријана со новата фризура во Лос Анџелес:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ријана одлично се забавува со дечкото на одмор на Барбадос (фото) Возење џет ски, бакнежи и водени лудории... Ријана дефинтивино знае како да се з...
Ријана - влакна на нозете: Ѕвезди кои немаат комплекси за својот изглед Сиена Милер ги обожава своите мали гради, а актерот Винс Вон не се срами од дефо...
Ријана ги истакна облините во целосен тексас аутфит Модните комбинации на Ријана веќе никого не можат да го изненадат. Овојпат, слав...

Најчитани неделава