Откако призна дека го изневерила сопругот со Машин Ган Кели, Меган Фокс првпат се појави на црвениот тепих со него (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Откако призна дека го изневерила сопругот со Машин Ган Кели, Меган Фокс првпат се појави на црвениот тепих со него (фото)

Иако Меган Фокс тврдеше дека е лудо вљубена во нејзиниот сопруг, неодамна призна дека го изневерила со нејзиното ново момче - Машин Ган Кели. Сега, пак, новиот пар првпат се појави на црвениот тепих, на доделувањето на Амерканските музички награди (AMA).

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-01.jpg

Откако ја почнаа нивната врска, Меган Фокс и Машин Ган Кели не испуштаат прилика да покажат колку се вљубени. И двајцата редовно објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а сега го имаа и нивното деби како пар на црвениот тепих.

И покрај пандемијата, и годинава се одржа доделувањето на American Music Awards, а Меган Фокс и нејзиното ново момче се појавија заедно.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-02.jpg

30-годишниот музичар настапуваше на настанот, а 34-годишната актерка се појави за да ја покаже нејзината поддршка, но и за да го најави неговиот настап.

Меган носеше темнозелен асиметричен фустан со интересни детали, додека нејзиното момче беше облечено во бело од глава до пети, со необично сако кое ги истакнува неговите тетоважи на градите.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-03.jpg

Машин Ган Кели првпат настапуваше на AMA, а Меган ја имаше честа да го најави неговиот настап.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-04.jpg

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-05.jpg

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-06.jpg

Неодамна, Меган изјави дека врската со младиот музичар не се споредува со ништо што искусила досега:

„Интензитетот на нашата врска е огромен. Кога првпат го сретнав, го погледнав во очи и ја почувствував најнежната, најчистата душа. Веднаш знаев дека сум вљубена“.

Првите гласини дека Меган и Машин Ган Кели се пар се појавија околу мај, откако двајцата соработуваа на филмот Midnight in the Switchgrass.

Кратко откако беа забележани заедно, Меган се појави во музички спот на нејзиниот нов партнер, а истиот месец таа ги сподели вестите дека се разведува од сопругот Брајан Остин Грин, речиси 10 години откако се венчаа.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-07.jpg

Иако Меган често зборуваше дека е многу вљубена и многу среќна со нејзиниот сопруг, во едно интервју призна дека се гледала со Машин Ган Кели додека уште беше во брак. Со оваа изјава ги потврди сомнежите на јавноста – таа го изневерувал сопругот со новото момче.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-08.jpg

Јавноста шпекулираше дека Меган и сопругот се разделени откако Брајан беше забележан без вереничкиот прстен. Тој период Меган работеше на филмот со Машин Ган Кели, а медиумите веќе почнаа да ги поврзуваат како пар.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-09.jpg

После разделбата со сопругот, Меган сподели дека веќе го запознала Машин Ган Кели со трите деца што ги доби со Брајан. Според извор близок до актерката:

„Меган сметаше дека тоа е нормално, бидејќи нивната врска станува посериозна. Тие навистина се во сериозна врска и ова не е само авантура. Планираат и заедничка иднина“.

Во меѓувреме, Брајан ја критикуваше Меган дека е лоша мајка и дека не се грижи за децата - тој седел дома и се грижел за нив, а таа веројатно била со новото момче.

Меган, пак, се разгневи и го обвини дека ги користи нивните деца за да се прикаже како совршен татко, додека ја „оцрнува“ неа.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-10.jpg

Сепак, се чини Брајан конечно се помирил со новата ситуација и повеќе не зборува на оваа тема. Меган и нејзиното ново момче, пак, изгледа навистина се во сериозна врска.

otkako-prizna-deka-go-izneverila-soprugot-so-mashin-gan-keli-megan-foks-prvpat-se-pojavi-na-crveniot-tepih-so-nego-foto-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како Меган Маркл и принцот Хари му се најдоа на мета на Доналд Трамп? Американскиот претседател се огласи на Твитер дека нема да им плаќа обезбедување...
Додека Меган Фокс се разведува, новиот дечко Машин Ган Кели ја носи на раце (фото) Новиот партнер на Меган Фокс изгледа сосема поинаку од нејзиниот поранешен сопру...
Меган Маркл е бремена - првото дете со принцот Хари го очекуваат во пролет 2019-та Принцот Хари и Меган Маркл денес пристигнаа во Сиднеј за почетокот на нивната кр...

Најчитани неделава