„Нашата ќерка се роди со расцеп на устата“ – емотивна исповед на Џанлука Ваки и прва фотка од лицето на ќерка му

Џанлука Ваки отворено проговори каква вродена аномалија имала неговата ќерка со цел да ја поткрене свеста на оваа тема. „Ова се случува кај 1 од 700 бебиња...“, вели тој.

nashata-kjerka-se-rodi-so-zajachka-usta-emotivna-ispoved-na-dzanluka-vaki-01.jpg

Џанлука Ваки и неговата партнерка Шерон Фонсека за првпат го покажаа лицето на нивната ќеркичка Блу Јерузалема.

nashata-kjerka-se-rodi-so-zajachka-usta-emotivna-ispoved-na-dzanluka-vaki-02.jpg

Тие позираа за насловната страница на италијанскиот магазин iHola и отворено ја раскажаа нивната приказна.

nashata-kjerka-se-rodi-so-zajachka-usta-emotivna-ispoved-na-dzanluka-vaki-03.jpg

„Со многу љубов сакаме да ја споделиме приказната за раѓањето на Блу Јерузалема. Среќни сме што конечно ќе ја запознаете.

Блу беше родена со расцеп на устата и непцето (cleft palate - најчеста вродена аномалија на лицето).

Нашата душа и срце веднаш беа со нашата ќерка, но истовремено и со семејствата кои минале низ истата ситуација, затоа што ова се случува кај 1 од 700 бебиња.

nashata-kjerka-se-rodi-so-zajachka-usta-emotivna-ispoved-na-dzanluka-vaki-05.jpg

Благословени сме што имаме одличен медицински тим за нашето мало девојче и што дека во догледно време тие ќе можат да продолжат со операција и со тоа ќе ѝ помогнат да живее сосема нормален живот.

Но, ова не е ситуација со многу семејства и тоа е причината што одлучивме да го поткренеме нивото на свесност и да ги поддржиме фондациите како @operationsmile кои се одговорни за помагање на семејства во оваа ситуација“, напиша Џанлука.

С. С. | Црнобело / Фото: iHola

Би можело да ве интересира:

Џанлука Ваки гол пушта музика, Шерон Фонсека без грам шминка на јахта на Сардинија – Парот ужива во ... Шерон Фонсека во ретко несредено издание и без грам шминка, се прегрнува со ќерк...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg