„Веѓите и челото не ти се мрдаат“ - Како одговори Џеј Ло на обвинувањата дека користи ботокс?

Џеј Ло го промовираше нејзиниот бренд за продукти за убавина Jlo Beauty со видео на Инстаграм, но се соочи со многу критики од фанови кои сметаат дека користи ботокс, па реши да им одговори.

bidete-pozitivni-j-lo-im-odgovori-na-fanovite-koi-tvrdat-deka-ima-botoks01.jpg

По три години работа и подготовки, на 1-ви јануари Џеј Ло го лансираше нејзиниот бренд за убавина Jlo Beauty. Деновиве пејачката сподели видео на кое нема грам шминка и изгледа навистина одлично, и вели дека за нејзиниот изглед е должен некој од продуктите од Jlo Beauty. Но кратко по објавувањето на видеото, многу фанови почнаа да ја обвинуваат дека на нејзиното лице има „цел тон ботокс“.

„Може ли само да спомнам дека веѓите и челото не ти се мрдаат кога зборуваш или сакаш да покажеш емоција... дефинитивно имаш ботокс. И тоа еден тон“, гласи еден од најпопуларните коментари на објавата.

Ваквите коментари не се ништо ново за пејачката, а сега таа решила и да одговори:

„Тоа е само моето лице!!! По милионити пат… никогаш не сум ставила ботокс или какви било инјекции и немам правено операции. Само кажувам. Купете си нешто од JLо Beauty и чувствувајте се убаво во своја кожа. Еве уште една тајна од Jlo Beauty: обидете се почесто да бидете позитивни, добри и да ги поддржувате другите. Не трошете го времето обидувајќи се да ги омаловажувате другите. Поради тоа ќе бидете млади и убави. Ви испраќам љубов“, напишала пејачката на коментарот.

И други инстаграмџии ја обвинуваат пејачката за ботокс, но постојат и оние кои се обиделе да ја одбранат:

„Таа не пие алкохол, а ова има огромно влијание. Јас немам ниту една брчка, а имам 52 години. Не пијам алкохол, не пушам цигари и не се сончам. Возможно е. Покрај тоа, користам маслиново масло околу очите“.

„Прифати го ова како комплимент. Изгледаш толку младо што на луѓето им е тешко да поверуваат“.

Што мислите вие, дали Џеј Ло е природна како што тврди, или фановите сепак се во право?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Џеј Зи насмеано позира со Бијонсе и ќерка му, откако доби тужба за силување + морничавите контроверз... Додека Џеј Зи се соочува со тужба за силување 13-годишно девојче, со семејството...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg