„Не, Норт Вест не го нацртала тоа“ - Твитерџиите удрија по Ким Кардашијан откако се пофали со импресивно дело од ќерка ѝ
- Детали
- среда, 10 февруари 2021
Гордата мајка Ким Кардашијан се пофали со слика која наводно ја нацртала нејзината 7-годишна ќерка, но твитерџиите тврдат дека лаже и се шегуваат со објави од најпознатите дела на светот и прашања од типот „Дали и ова го нацрта Норт?“
Ким Кардашијан (40) како горда мајка сподели уметничко дело од прекрасен пејзаж од планини со тврдење дека тоа го нацртала нејзината 7-годишна ќерка Норт Вест.
Таа во описот напиша „Мојот мал уметник Норт!“, но наскоро се отвори онлајн дебата дали тоа навистина е дело на Норт, па Ким ја бранеше ќерка си, а една нејзина пријателка упати остар апел до сите што се сомневаат во Ким.
Пријателката на Ким, Трејси Ромулус, чија ќерка Рајан е најдобра пријателка со Норт застана во одбрана на Ким.
Таа вели дека девојчињата посетуваат часови по уметност заедно и дека нивните дела се оригинал.
„Мразам што треба да коментирам, но возрасни личности вложуваат многу енергија прашувајќи се дали мојата ќерка и нејзината најдобра пријателка навистина ги нацртале сликите кои ние гордо ги споделивме како родители.
Но, двете девојчиња одат на час по уметност заедно и учат техники од инструктор. Тие минуваат седмици работејќи на една единствена слика и се неверојатно горди кога ќе го завршат процесот. Следат одреден пример, но нивните дела се оригинал, почнуваат од празно платно и секое дете има своја интерпретација.
Ве молам престанете со негативноста и со вашите коментари околу способноста на моето дете. Луѓето како вас ги спречуваат децата да сонуваат големи соништа и да го постигнат својот целосен потенцијал“, напиша Ким.
Ким сподели и фотографија од делото на Рајан, другарката на Норт:
Но, дебата не сопре тука и многумина пронајдоа неверојатна сличност со дело на познатиот уметник Боб Рос.
Еден од шеговитите твитови упатени кон Ким и ќерка ѝ се „Треба да работам, но не можам да престанам да мислам како Норт Вест НЕ го нацртала ова“.
Ние сме виделе многу уметници од мали нозе со неверојатни дела, но твитерџиите одбиваат да веруваат.
Нивните реакции:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





