Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со крадците од Париз
- Детали
- среда, 14 мај 2025
Ким Кардашијан, во друштво на мајка си, издоминира на судењето во Париз против крадците, кои ѝ одзедоа накит со вредност од 9 милиони долари.
Ким Кардашијан престојува во Париз по повод судењето поради грабежот на нејзиниот накит.
Десет лица се обвинети во случајот. Tие се сомничат дека во 2016 година ѝ украле накит во вредност од 9 милиони долари.
Грабежот се случил додека Ким била во француската престолнина кога група криминалци провалиле во нејзиниот апартман во хотелот „Hôtel de Pourtalès“, ја врзале и ги заврзале и очите и ѝ се заканиле со пиштол, додека го изнесувале целиот нејзин скапоцен накит.
Кардашијан на судењето, придружена од нејзината мајка Крис Џенер, се појави во драматичен стајлинг - црн пеплум фустан, дело на John Galliano.
Таа фустанот го надополни со дијамантски накит со вкупна вредност од околу 7 милиони долари.
Крис Џенер, пак, носеше „oversize“ карирано сако од Bottega Veneta, кое го искомбинира со бела кошула, црни панталони и вратоврска.
Драматичниот стајлинг на Ким:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





