Кортни Кардашијан обожаваше помлади момци, но сега е во врска со 4 години постариот тапанар на Blink-182 (фото)

Кортни во изминатите години постојано ја поврзуваа со драстично помлади момци од неа, но сега е во врска со 45-годишниот тапанар од бендот Blink-182, беа фотографирани на вечера во Лос Анџелес.

kortni-kardashijan-obozhavashe-pomladi-momci-no-sega-e-vo-vrska-so-4-godini-postar-tapanar-foto-01.jpg

Кортни Кардашијан (41) беше во врска со 14 години помладиот Јунес Бенџима, па имаше кратки љубовни авантури со 19 години помладиот Лука Сабат и со младиот Дејвид Дурон, но новиот дечко на ријалити ѕвездата е 4 години постар од неа.

kortni-kardashijan-obozhavashe-pomladi-momci-no-sega-e-vo-vrska-so-4-godini-postar-tapanar-foto-05.jpgЈунес Бенџима

kortni-kardashijan-obozhavashe-pomladi-momci-no-sega-e-vo-vrska-so-4-godini-postar-tapanar-foto-04.jpgЛука Сабат

kortni-kardashijan-obozhavashe-pomladi-momci-no-sega-e-vo-vrska-so-4-godini-postar-tapanar-foto-02.jpgДејвид Дурон

Станува збор за тапанарот Тревис Баркер (45) со кого Кортни беше фотографирана на вечера во Лос Анџелес.

Тревис, кој е познат како тапанар во бендот Blink-182, носеше кожена јакна за оваа пригода, а на неговото тело се забележуваа големиот број на тетоважи.

kortni-kardashijan-obozhavashe-pomladi-momci-no-sega-e-vo-vrska-so-4-godini-postar-tapanar-foto-03.jpg

Инаку, Кортни има 3 деца со Скот Дисик, со кого се смируваше неколкупати, но последен пат се разделија во 2015 година. Нивниот драматичен однос започна од 2006 година.

Во меѓувреме Скот се состануваше со Софија Ричи, ќерката на Лајонел Ричи, која имаше само 19 години кога почнаа да се гледаат, а таа за време на врската со Скот дури одеше на заеднички патувања со Кортни и децата.

Одат на одмори со неговата бивша, 15 години е постар: Факти за врската на Скот Дисик и Софија Ричи

Фотки од новото момче на Кортни:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Најконтроверзниот холивудски брак: 51-годишен актер се венча со 16-годишна девојка, денес го нарекув... Во 2011-та, 51-годишниот актер Даг Хачисон се венча со 16-годишна девојка, и тоа...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Кортни Кардашијан по неуспешните ин-витра и бизарните методи со пиење семена течност: „Само со молит... „Престанав по 1 година обидување (5 неуспешни ин-витра, 3 процедури за вадење ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg