Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ким Кардашијан поднесе барање за развод од Канје Вест после 7 години брак

После седум години брак и гласини кои траат со месеци, Ким Кардашијан поднесе барање за развод од Канје Вест. Таа побарала заедничко старателство за нивните четири деца, а изворите велат дека веќе разговарале за поделба на имотот и ќе го почитуваат предбрачниот договор.

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-01.jpg

Според изворите, 40-годишната ријалити ѕвезда ги поднела документите во петокот, со помош на нејзиниот адвокат, и побарала заедничко старателство за нивните четири деца Норт, Сејнт, Чикаго и Псалм. Ким и Канје ќе го почитуваат и нивниот предбрачен договор и се согласувале во врска со поделбата на заедничкиот имот.

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-08.jpgфото: Daily Mail

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-09.jpgфото: Daily Mail

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-10.jpgфото: Daily Mail

Ким и 43-годишниот рапер речиси и да немаат контакт од октомври, после жестока расправија на 40-тиот роденден на ријалити ѕвездата. Наводно, ситуацијата се влошила кон јули, кога Канје одлучи да се кандидира за претседател на САД. Тој период, покрај другите испади, Канје изјави дека Ким сакала да ја абортира Норт, а нормално, ријалити ѕвездата не му го прости ова.

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-05.jpg

Изворите велат дека иако односот меѓу нив е заладен, и двајцата се однесуваат разумно во врска со разводот и сакаат да помине што е можно помирно.

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-02.jpg

„Ким е со нејзиното семејство. Добра е. Тажна е, но подготвена е да продолжи понатаму. Таа смета дека направи сè во нејзина моќ за да го спаси бракот. Барањето за развод е нешто за коешто размислува одамна. Истовремено, таа се плашеше од ова. Навистина направи буквално сè обидувајќи се да го избегне барањето за развод“, споделува извор близок до парот.

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-04.jpg

Ким и Канје ја почнаа романтичната врска во 2012-та, се верија следната година, а во мај 2014-та ја направија венчавката во Италија. Дотогаш, веќе ја имаа добиено најстарата ќерка Норт.

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-06.jpg

За Ким ова ќе биде трет развод, после разделбата со Дејмон Томас и Крис Хамфрис.

Изворите велат дека на Канје му одговара заедничкото старателство, а парот веќе дискутирал за ова, но не му се допаѓало што разводот ќе биде тема на разговор во последната епизода од ријалити шоуто на Кардашијанс.

kim-kardashijan-podnese-baranje-za-razvod-od-kanje-posle-7-godini-brak-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg