Први фотки од Кети Пери во костим за капење после породувањето – ужива на Хаваи со Орландо Блум


Први фотки од Кети Пери во костим за капење после породувањето – ужива на Хаваи со Орландо Блум

Кон крајот на минатото лето Кети Пери го роди нејзиното прво дете, а сега, неколку месеци после породувањето, пејачката се појави во „летно“ издание додека ужива на плажа на Хаваи со вереникот Орландо Блум.

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-01.jpg

Во август минатата година Кети Пери и нејзиниот вереник Орландо Блум го добија своето прво дете - ќерката Дејзи Дав Блум. Деновиве, пак, 44-годишниот актер и 36-годишната пејачка уживаат на одмор на Хаваи.

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-03.jpg

„Новите“ родители беа забележани на плажа, а Кети Пери покажа дека се труди да се врати во форма само неколку месеци после бременоста. Пејачката носеше едноделен виолетов костим за капење, а подоцна облече и фустан за на плажа со шарен дезен.

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-06.jpg

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-10.jpg

Претходно, во интервју со Џими Кимел, Кети сподели дека Орландо ѝ бил огромна поддршка поле породувањето. Пејачката сподели и дека ѝ било тешко да се врати на работа:

„Почнав со снимање за четвртата сезона на American Idol пет недели откако се породив. Не го планирав тоа. Породување, враќање на работа и доење. Си помислив - Боже, зарем сите жени го прават ова?“

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-4.jpg

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-05.jpg

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-08.jpg

Орландо Блум и Кети пери се верија во 2019-та и планираа да се венчаат оваа година во Јапонија, но ја одложија венчавката поради пандемијата. Покрај ќерката со Кети, Орландо има уште едно дете од поранешна сопруга Миранда Кер – 9-годишниот син Флин.

keti-peri-izgleda-odlichno-po-poroduvanjeto-uzhiva-na-plazha-na-havai-so-verenikot-orlando-blum-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Кети Пери со години се тужи на суд со калуѓерки? Во судницата почина една од калуѓерките, а другата ја обвини Кети Пери дека има ...
Кети Пери и Орландо Блум на одмор на грчкиот остров Крф (фото) За разлика од другите припадници на холивудската А-листа кои кога ја посетуваат ...
Орландо Блум ја запроси Кети Пери на Валентајн, по 3-годишна врска 42-годишниот актер, Орландо Блум ја запроси Кети Пери со која што е во врска 3 г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg