Ќерката добива часови по гитара од Лени Кравиц – Како Џеј Ло им го слави 13-тиот роденден на децата?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ќерката добива часови по гитара од Лени Кравиц – Како Џеј Ло им го слави 13-тиот роденден на децата?

Им носеше појадок во кревет, за ќерката Еме го донесе Лени Кравиц во домот, а на синот му овозможи онлајн часови по пеење со нејзиниот тренер – како Џеј Ло го помина денот кога нејзините деца-близнаци станаа тинејџери?

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-1.jpg

Децата на Џенифер Лопез, близнаците Макс и Еме, наполнија 13 години, а нивната мајка цел ден ги опсипуваше со љубов, внимание и изненадувања, како и секогаш.

Нивниот 13-ти роденден, Џеј Ло го започна со појадок во кревет за децата, направи роденденски фотки со нив и ги изненади исполнувајќи им ги желбите поврзани со музиката. 

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-3.jpg

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-2.jpg

За ќерката Еме, Џеј Ло го донесе Лени Кравиц во нивниот дом, кој ѝ држеше часови по гитара, а освен што има покажано дека го има наследено талентоза пеење од нејзината мајка, изгледа одлично се снаоѓа и со свирење.

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-4.jpg

Синот Макс пак, можеби ќе тргне по стапките на неговите родители, па за роденденот, мама Џенифер му организираше онлајн часови по пеење, од познатиот Стиви Меки, кој работи на пеењето и вокалот на многу светски ѕвезди, меѓу кои и самата Џеј Ло.

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-6.jpg

Од фотките не може да не забележиме дека Макс е копија на тато Марк Ентони, а Еме повеќе наликува на мама Џеј Ло.

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-9.jpg

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-8.jpg

kjerkata-dobiva-chasovi-za-gitara-od-leni-kravic-kako-djej-lo-im-go-slavi-13-iot-rodenden-na-decata-7.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Зи откри зошто сè уште не зборува со Канје Вест Се чини дека раперот Џеј Зи со издавањето на новиот албум реши да се отвори за п...
Како ќерката му го спасила животот на Роби Вилијамс и уште неколку факти за неа Таа е неговата светла точка која постојано го потсетува дека животот е вреден за...
Криси Тајген открива: Луна и Мајлс се 2 години разлика, но направени се во исто време со ин витро Криси Тајген важи за една од најискрените личности помеѓу славните, која никогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg