Клои Кардашијан повторно критикувана дека користи многу Фотошоп – како одговори на негативните коментари?


Клои Кардашијан повторно критикувана дека користи многу Фотошоп – како одговори на негативните коментари?

Клои Кардашијан стана кралица на Фотошоп промашувањата, а тоа го покажува и нејзината последна модна кампања, на која е непрепознатлива. Сепак, ѕвездата тврди дека чудниот изглед се должи на леќата што ја користел фотографот.

kloi-kardashijan-povtorno-kritikuvana-deka-koristi-mnogu-fotoshop-kako-odgovori-na-negativnite-komentari01.jpg

Клои направи фотосесија за новата колекција обувки од нејзиниот бренд Good American, а јавноста веднаш реагираше за нејзиниот чуден изглед на фотографиите.

Многу фанови истакнаа дека нејзините стапала и прсти изгледаат премногу долги, но и дека на некои фотки воопшто не личи на себе.

kloi-kardashijan-povtorno-kritikuvana-deka-koristi-mnogu-fotoshop-kako-odgovori-na-negativnite-komentari-03.jpg

Клои, пак, веднаш даде објаснување со објава на Твитер, нагласувајќи дека не станува збор за уште едно Фотошоп промашување:

„За неколку фотографии користевме леќа која создава ефект на истегнување. Колку се поблиску предметите до камерата, толку подолги изгледаат. Па, на некои фотографии моите стапала/прсти изгледаат многу долго. Не грижете се! Уште имам дланки/прсти со нормална големина“.

Потоа Клои сподели една фотографија од кампањата со опис:

„Како може некој да верува дека имам толкави стапала?! Изгледа така поради аголот и леќата. И, јас лично сметам дека оваа леќа е многу кул. Како и да е, јас сум задоволна од фотографиите“.

kloi-kardashijan-povtorno-kritikuvana-deka-koristi-mnogu-fotoshop-kako-odgovori-na-negativnite-komentari-02.jpg

„Не грижете се! Немам предолги прсти. Тоа е поради леќата на камерата! Не ми се верува дека го пишувам ова. Не, ова не е 'Фотошоп промашување'. Имајте убав ден“.

kloi-kardashijan-povtorno-kritikuvana-deka-koristi-mnogu-fotoshop-kako-odgovori-na-negativnite-komentari-04.jpg

Потоа Клои напиша уште еден твит за кампањата:

„Навистина ми се допаѓа! Имам уште многу фотографии за објавување и сум многу возбудена! Се надевам дека им ставивме крај на ’загриженоста и забуната‘ и сега можеме да уживаме во фотографиите. Денес ова навистина ме насмеа. Ви благодарам за насмевките. Искрено“.

Иако на некои фотографии е очигледно дека станува збор за леќа со ваков ефект, многумина велат дека на некои од нив нејзиното лице изгледа многу поразлично и дека фотошопирањето е очигледно.

„Зошто изгледа како главата да ѝ е додадена отпосле?“

„Го сакам брендот, но воопшто не ми се допаѓа ова реклама. Не е реалистична. Само ги тера девојките да мислат дека мораат толку многу да ги обработуваат нивните фотки. Биди реална. Биди своја. Клои, те сакаме таква каква што си, а не поради фотошопираните фотографии“.

Што мислисите вие за фотките од новата кампања на Клои?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотографии кои Иванка Трамп сака да ги сокрие од светот Од чудни фотки од детството со татко ѝ Доналд Трамп до разголени фотосесии во мл...
Како изгледаат славните дами на плажа летово? (фото) Славните дами знаат како да уживаат во животот и одморот го користат максимално....
Како изгледаат ѕвездите кога се гости на свадба? (фото) Ѕвездите секогаш изгледаат гламурозно на секој свечен настан и внимаваат на секо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg