Ѝ држи чадор на жена му, се слика со фанови: Ед Ширан на прошетка со сопругата и 7-месечната ќеркичка
- Детали
- понеделник, 29 март 2021
Тој е сопруг и татко за пример... Ед Ширан останува скромен како и секогаш. Никогаш не дозволи славата и парите да му „удрат“ во глава.
Ед Ширан ужива во релаксираниот животен стил во Австралија, откако пристигна таму неодамна со својата сопруга Шери и ќеркичката Лира.
Тројцата уживаа во прошетка во малото гратче Соренто.
30-годишниот Ширан во кежуал издание, сосема скромен како секогаш, ја туркаше количката на својата 7-месечна ќеркичка.
Тој во еден миг ѝ држеше чадор на својата 28-годишна сопруга, а потоа се фотографираше без проблем со фанови.
Уште еден доказ дека Ед Ширан никогаш не дозволи славата да го „удри“ во глава:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





