Били Ајлиш во нетипично издание за неа – во кратки хеланки прошета со новото момче (фото)
- Детали
- вторник, 20 април 2021
Били Ајлиш е позната по тоа што иако има светска слава сепак успева да го скрие приватниот живот. Деновиве таа беше фотографирана во прегратките на новото момче.
Пејачката е позната по тоа што го крие и сопственото тело, а и приватниот живот. Да се присетиме дека по објавата на фотографиите на фотографиите, на коишто имавме можност да ја видиме во тесна маичка и кратки панталони, таа се појави „заштитена“ во широка облека на Billboard Music Awards 2020.
Деновиве повторно беше фотографирана на улиците на Санта Барбара во кратки хеланки и широк дуксер, заедно со актерот Метју Тајлер Ворс и нејзиното куче Шарк.
Иако 19-годишната пејачка се обиде да остане анонимна, сепак не успеа да избега од будното око на папараците. Она што посебно им го привлече вниманието на медиумите е прашањето - кој е новиот „дечко“ на Били Ајлиш?
Она што е уловено на фотографија додека чекале кафето да им биде готово е дека Ворс ја прегрнал пејачката, а таа ја ставила главата на неговото рамо.
Засега нема никакви официјални информации дали светски познатата пејачка и актерот се во врска.
Ворс на својот Инстаграм профил (кој беше означен како приватен во понеделникот (19.04)) се опишува себеси како: „Актер. Писател. Дегенерик“.
Фановите забележаа дека за време на нејзиниот документарен филм за Apple TV, насловен како Billie Eilish: The World's A Little Blurry, таа прифати видео повик од нејзината „прва љубов“ по успешните Греми музички награди од 2020 тата, па така Page Six сега го поставува прашањето дали можеби човекот на телефон бил Ворс.
Инаку, нејзините обожаватели останаа во шок кога дознаа дека таа била во мошне сериозна врска и раскинала со Брендон „Кју“ Квентин Адамс во 2019-тата година.
Што се однесува до Ворс, за него нема некои подетални информации, освен она што успеале да го доловат од био – податоците на социјалните мрежи. Се претпоставува дека тој сѐ уште е во почетната фаза на изградбата на својата кариера.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Page Six
Би можело да ве интересира:





