Скандалозниот живот на популарен турски актер - Ја обвини бившата за неконтролирано трошење пари, а него му се заканува затвор

Со турскиот актер Озџан Дениз македонската публика имаше прилика да се запознае преку улогата на Мурат во ТВ серијата „Црната Роза“, а потоа следеа улогите и во други ТВ серии, како во „Виорот на судбината“, „Парампарче“, „Истанбулската невеста“ и други. Инаку, тој деновиве е топ тема во турските медиуми како со она што му се случува и во приватниот живот, така и на професионален план.

Ozdzan-Deniz-koj-igrashe-vo-crnata-roza-poradi obvinenijata-na-poraneshnata-sopruga-mu-se-zakanuva-zatvor-a-snima-film-so-nea-shto-potsetuva-na-nivniot-brak-01.jpg

Дури и оние кои не ги следат турските серии, понекогаш сакаат да навлезат во животите на популарните личности, посебно кога ги следат скандали, како овој турски актер.

Разводот и обвинувањата од страна на неговата поранешна сопруга, манекенката Фејза Актан се топ тема во турските портали. Имено, откако по само 15 месеци брак тие се разведоа во 2019-тата година, на нивната приказна како да ѝ нема крај.

https://www.instagram.com/p/BA9PB7pHve0/?utm_source=ig_web_copy_link

Озџан, наводно ја остави 20 години помладата сопруга затоа што не ги исполнувала добро своите мајчински обврски и неконтролирано трошела пари.

На ова, Фејза одговори со кpивичнa пријава до oбвинитeлcтвото во Турција против поранешниот сопруг, Озџан Дениз и неговиот брат Ерсан Дениз. Таа тврди дека била изложена на физичко и пcихичкo нacилcтво од нив двајца.

Во најновиот развој на настаните, како што пишува турскиот портал „Хуриет“ Актан тврди дека актерот ја тепал повеќепати, дека ја изневерувал и дека кога сакала да си замине ѝ се заканувал дека ќе ја убие, по што пак била изложена на насилство. По овие обвиненија на актерот му се заканува затворска казна од 6 до 18 месеци.

Од друга страна пак, турската јавност е збунета од најновиот филм „Senkron“ на Озџан Дениз, каде неговата поранешна сопруга ја толкува главната женска улога.

Она што предизвика реакција кај публиката се токму насилните сцени во филмот. Ликот што го толкува Фејза е претепана, малтретирана, со модринки по лицето и по телото.

deniz-3.jpg

Имено, серијата која се состои од само 6 епизоди е снимена во време на пандемија, односно во периодот кога Фејза и Дениз биле заедно во карантин, за да бидат со синот.

Серијата е објавена на дигиталната платформа Gain, а во неа ја следиме жената Мина која е мајка на синот Кузaj (името е исто со името на синот на Фејза и Озџан) и која трпи насилство од сопругот. Исто како што Озџан Дениз се бореше за старателство на синот во реалниот живот, така и неговиот лик Седат во серијата не дозволува сопругата да му ги земе синовите.

deniz-1.jpg

Повеќе фотки од актерот: 

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Instagram/Milliyet

Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg