Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Го покажа ликот на 3-месечната ќеркичка, но го крие нејзиниот татко – кој го „украде“ срцето на Хурем?

Турската актерка Мерием Узерли кај нас е позната по улогата на Хурем Султан во ТВ серијата „Сулејман Величествениот“. Во текот на јануари таа по вторпат стана мајка, но она што сите ги заинтригира е одговорот на прашањето: Кој е таткото на втората ќерка?

go-pokazha-likot-na-3-mesechnata-kjerkichka-no-go-krie-nejziniot-tatko-koj-go-ukrade-srceto-na-hurem-01.jpg

Мерием деновиве на Инстаграм објави нова фотографија со тримесечното бебе, втората ќеркичка Лили Кои и со седумгодишната ќерка Лара.

Турската актерка сѐ уште одбива да го открие идентитетот на таткото на втората ќерка, но изјави дека живеат заедно и дека е среќно вљубена.

Турските медиуми веќе шпекулираа за идентитетот на таткото на втората ќерка и пишуваа дека сме имале можност да го видиме на фотографиите од седмиот роденден на првата ќерка на Мерием, Лара.

До фотографиите објавени на Инстаграм од седмиот роденден на Лара, додека Мерием беше бремена со втората ќерка Лили, таа напиша:

„Среќен роденден на мојата Лара. 7 години! Лили, мама и тато те сакаат многу!“

go-pokazha-likot-na-3-mesechnata-kjerkichka-no-go-krie-nejziniot-tatko-koj-go-ukrade-srceto-na-hurem-03.jpg

go-pokazha-likot-na-3-mesechnata-kjerkichka-no-go-krie-nejziniot-tatko-koj-go-ukrade-srceto-na-hurem-02.jpg

go-pokazha-likot-na-3-mesechnata-kjerkichka-no-go-krie-nejziniot-tatko-koj-go-ukrade-srceto-na-hurem-04.jpg

По официјалната објава на Мерием дека е бремена по вторпат, на прашањето за идентитетот на таткото таа тогаш дипломатски одговори:

„Лара сега има 7 години. Таа веќе подолго време сакаше да добие братче или сестричка. Јас сум бремена во 5-ти месец. Бебето е девојче. Го формираме семејството.“

Инаку 37-годишната актерка првата ќерка ја доби во врска со бизнисменот Кен Атеш, а во една пригода изјави дека додека била бремена одлучила да го напушти и да биде самохрана мајка, затоа што тој не сакал да биде татко и барал од неа да абортира.

Како што велеше, овие проблеми се одразиле и на нејзината кариера, па така тврдеше дека во една пригода дури се обидела и да си го одземе животот.

Како и да е, се чини дека сите овие настани за актерката веќе се само лоши спомени, а таа живее среќен и исполнет живот заедно со двете ќерки и таткото за кој што сите се прашуваат кој е и зошто го крие.

Повеќе фотки од прекрасната актерка: 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg