Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Има 53 години, а изгледа како 20-годишна - жена направила 4 пластични операции во 5 часа

Актерката Дона Дерико, која играше во култната серија „Baywatch“ во 90-тите години на минатиот век денес има 53 години, а во најновите објавени фотографии на Инстаграм изгледа помладолико од периодот кога беше на врвот на славата.

Dona-Deriko-ima-53-godini-Izvrsila-4-plasticni-operacii-vopet-casa-za-da-izgleda-kako-da-ima-20-godini-01.jpg

Таа на Инстаграм објави фотографии и видео со кои рекламира рачно изработени чадори за сонце, но она што сите го забележаа е затегнатото тело на актерката кое дојде до израз во белиот костим за капење.

Сепак, Дона, која освен како актерка е позната и по тоа што се фотографирала за Playboy, не беше постојано во топ форма и нејзиниот изглед не се должи на строги диети и напорно вежбање.

Во 2017-тата година актерката, која тогаш имаше 49 години, помина 4 пластични операции во само еден ден. Таа по операциите сподели експлицитни фотографии на кои се гледаше кои делови од нејзиното тело се коригирани.

dona-2017-1.jpg

Дона претрпе корекции во пределот на рацете, стомакот, задникот, и ѝ била извршена липосукција.

dona-2017-2.jpg

Дона очигледно се чуствувала вознемирено од промените на нејзиното тело и не се чувствувала комотно во својата кожа за да направи ваков потег:

„Имав доста растегната кожа на стомакот по раѓањето на две деца“ - рече таа во 2017-тата година.

dona-2017-4.jpg

Инаку Дона е мајка на 28-годишниот син Рајан Дерико и 20-годишната Френки-Џин Сикс.

dona-promeni.jpgДона Дерико во „Baywatch“; пред операциите во 2017-тата година и денес

По операциите кои траеле околу 5 часа таа беше презадоволна. Во насока на ова одат и последните објави на Инстаграм, каде практично не може да познаеме колку години има оваа актерка.

Засега нема податоци колку пари потрошила оваа актерка на пластични операции, но јасно е дека успеала да го врати фамозното тело од „Baywatch“ иако таа за жал не беше дел од римејкот што беше направен во 2017-тата година. 

Повеќе фотографии и видео од моменталниот изглед на актерката во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg