Џеф и Мекензи Безос – 38 милијарди: Најскапите разводи на јавните личности

Нил Дајмонд и Марсија Марфи – околу 150 милиони долари

Марсија и Нил беа во брак цели 25 години, а се разведоа во 1995 година. Не е позната точната причина, но според некои извори проблемите настанале поради несогласувања околу финансиите. Разводот го чинеше Нил околу 150 милиони долари – скоро половина од целото негово богатство.

dzhef-i-mekenzi-bezos-38-milijardi-najskapite-razvodi-na-javnite-lichnosti-07.jpg

Мајкл Џордан и Хуанита Ваној – 168 милиони долари

Кошаркарската легенда и Хуанита стапија во брак во 1989 година, а во 2002-ра се појавија првите гласини дека ќе се разделуваат. Тие се разведоа во 2006 година и тогаш Мајкл ѝ исплати 168 милиони долари на Хуанита.

dzhef-i-mekenzi-bezos-38-milijardi-najskapite-razvodi-na-javnite-lichnosti-08.jpg

Мел Гибсон и Робин Мур – 425 милиони долари

Мел и Робин поминаа дури 31 година заедно, пред да се разведат. Ја донеле одлуката во 2006 година, околу периодот кога актерот беше фатен како вози пијан.

Нивното заедничко богатство изнесуваше околу 850 милиони долари, кое го поделија на половина, што значи нивниот развод чинеше околу 425 милиони долари.

dzhef-i-mekenzi-bezos-38-milijardi-najskapite-razvodi-na-javnite-lichnosti-09.jpg

Руперт Мурдок и Ана Ман – 1,7 милијарди долари

Медиумскиот могул и новинарката Ана беа заедно од 1967 година до 1999 година. Руперт ѝ исплати 1,7 милијарди долари на Ана, а најчудното во целата ситуација е тоа што тој повторно стапи во брак неполн месец по разводот со новинарката.

dzhef-i-mekenzi-bezos-38-milijardi-najskapite-razvodi-na-javnite-lichnosti-10.jpg

Џеф Безос и Мекензи Безос – 38 милијарди долари

Засега ова е најскапиот развод на сите времиња, а благодарение на него, Мекензи стана 4-тата најбогата жена во светот.

По разводот Џеф ѝ исплати неверојатни 38 милијарди долари на поранешната сопруга.

dzhef-i-mekenzi-bezos-38-milijardi-najskapite-razvodi-na-javnite-lichnosti-11.jpg

Погледнете и Кејти Холмс мислела дека Том Круз ќе ја киднапира нивната ќерка - Најскандалозните разводи на славните

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...
Мрачната страна на Џим Кери: Го обвинуваа за самоубиството на девојка му, ѝ ја избричи главата на об... Редовно навредува новинари кои само пробуваат да си ја работат работата, психичк...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg