Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Малечкото девојче кое му беше инспирација порасна во атрактивна девојка – како изгледа денес ќерката на Еминем?

Оние што ја следеле кариерата на познатиот рапер Еминем и што барем малку знаат за неговата кариера, знаат и за тоа дека тој на неговата рака има истетовиран портрет на неговата ќерка Хејли Џејд Скот. Девојчето од тетоважата веќе пораснало и е возрасна жена. Што прави Хејли деновиве и со што се занимава?

Taa-e-glavna-isnpiracija-za-karierata-na-Eminem-a-vekje-e-vozrasna-zena-kako-izgleda-i-shto-pravi-hajli-01.jpg

Единствената биолошка ќерка на раперот Еминем од бракот со Кимберли Скот, Хејли е инфлуенсерка и е мошне активна на нејзиниот Инстаграм профил. Таа деновиве објави фотографии во бел бикини костим за капење, за да покаже како се подготвува за престојните летни денови.

Хејли веќе има 25 години, а дипломирала на Државниот универзитет во Мичиген.

Таа порасна во видео-спотовите на татко ѝ – се запиша во Гинисовата книга на рекорди

Оние што ја следат кариерата на татко ѝ знаат дека таа е инспирација за голем број од неговите песни, меѓу кои и доста експлицитната Hailie's Song. Таа е мошне блиска со нејзините родители.

Таа за првпат се појавува во песните на Еминем кога беше бебе. Нејзините гугања биле снимени за контроверзната песна Bonnie & Clyde. За да ги сними звуците раперот ја излажал Ким дека ќе го прошета девојчето, а го однел во студио.

Хејли имавме можност да ја видиме уште во 1999 година, кога Еминем за видео-спотот на песната Mockingbird употреби домашни видео снимки од Хејли и од мајка ѝ.

Taa-e-glavna-isnpiracija-za-karierata-na-Eminem-a-vekje-e-vozrasna-zena-kako-izgleda-i-shto-pravi-hajli-02.png

Во 2002-та Хејли се запиша во Гинисовата книга на рекорди како најмлад учесник во R&B chart со нејзиното појавување во песната My Dad’s Gone Crazy на Еминем. Хејли имала 6 години и 210 дена кога песната била објавена во 2002-та година.

Хејли сè уште е гордоста на тато

Еминем во својата кариера неколку пати говорел за тоа како Хејли е главната мотивација и инспирација за неговиот успех:

„Таа беше мојот главен извор на енергија и мотивација, особено кога се роди. Немав кариера сè уште. Немав пари, немав каде да живеам. Мислам дека тоа посебно ме погодуваше, затоа што си мислев: ‘Како ќе ја израснам?’.

Таа отсекогаш била главна инспирација за да работам, да останам фокусиран, секогаш била мојата прва причина поради која се плашев од падови. Не смеев да паднам. Не можев да дозволам да порасне и да не може да рече: ‘татко ми успеа’. Говорам за неа многу, вистината е дека таа е сè што имам на светов“ – рече Еминем во минатото.

Раперот во последните години својот приватен живот го држеше подалеку од очите на јавноста, но минатата година сепак проговори за односот со Хејли.

„Хејли има 23 години, нема бебиња, нема момче, ама добра е, се гордеам со неа, дипломираше на колеџ“ – изјави минатата година раперот.

Со оглед на тоа што Хејли е вклучена во повеќе од 20 песни на раперот, тој во минатото призна и дека жали за тоа што јавно говорел за приватниот живот па така во песната Castle каде рапува за Хејли и се извинува за тоа што проблемите со мајка ѝ ги изнел во јавноста:

„Го кажував твоето име, но секогаш се трудев да го скријам твоето лице. Оваа игра е луда, сакав да ја докажам мојата љубов за тебе, но никогаш не знаев дека ќе биде вака, да знаев немаше да го направам тоа.

Работите што требаше да бидат приватни меѓу мене и мајка ти сега се јавни. Не можам да поднесам, нека си ја земат славата назад, не ја сакам“.

Хејли знаеше дека ќе биде инфлуенсерка уште во 2018-тата

За разлика од некои луѓе кои едноставно додека се на студии не знаат што ќе прават понатаму со кариерата, Хејли тогаш во интервју за Daily Mail најави дека има намера да се занимава со маркетинг на социјалните мрежи и да стане инфлуенсерка.

Ако гледаме по бројот на следбеници на Инстаграм, над 2 милиони, тогаш можеме да кажеме дека е на добар пат.

Таа во споменатото интервју, меѓу другото проговори и за односот со нејзините родители. Во тој период таа живееше во нејзината куќа во Детроит, на неколку минути од нејзиниот семеен дом и рече дека постојано се гледа со мајка ѝ и двете полусестри Витни и Паркер.

На прашањето дали има поддршка од татко ѝ и во каков однос е со него, просто и едноставно одговори: „Секако, мошне сме блиски“.

Инаку, Еминем исто така ја има посвоено и Витни, ќерката на Ким од претходна врска, а се грижи и за ќерката на неговата внука Алана, која ја смета за сопствена ќерка.

Повеќе фотографии од Хејли во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg