Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ребел Вилсон изгуби 27 килограми во една година: „Жалам што не почнав да се грижам за здравјето порано, во што е тајната?“

Ребел Вилсон е една од актерките што нè изненади со драстичните промени во изгледот. Додека голем број познати личности се жалеа дека за време на карантинот се здебелиле или стекнале нездрави животни навики, Ребел Вилсон говори за тоа како решила да го промени својот живот на подобро и како минатата година ја посветила на здравјето.

Rebel-Vilson-izgubi-27-kilogrami-vo-edna-godina-zalam-shto-ne-pochnav-da-se-grizam-za-zdravjeto-porano-vo-shto-e-tajnata-01.jpg

Актерката што се прослави со улогата во Bridesmaids, во текот на минатата година успеа да изгуби 27 килограми, а целиот процес го документира на нејзиниот Инстаграм профил.

Токму пред светската пандемија да го сврти во целост светот наопаку и да го стави на пауза снимањето филмови, Вилсон одлучи по повод 40-иот роденден да земе „Година на здравјето“.

Притоа нагласи дека ќе се потруди да пешачи, да се хидрира, да намали на внесувањето шеќери и да направи одредени позитивни промени.

Сега, неколку месеци откако ја постигна целта и ослабе 27 килограми, таа искрено говори за целиот процес во нејзиното интервју за Instyle, каде нагласува дека жали што порано не се обидела да води поздрав живот.

„Сега кога знам дека можам да го направам тоа, понекогаш се чувствувам тажна што не се обидов порано. Можеби требаше да се обидам кога имав 30 години, а не 40. Но, сечие патување е различно и не станува збор за трка или натпревар. Отсекогаш сум се развивала подоцна.

Почнав да глумам кога имав 19 години, што беше доцна. Кога дојдов во Америка како актерка имав речиси 30 години, што пак е релативно доцна. Така се обидувам да не се споредувам со другите луѓе, но имам сочувство за сите што се борат со вишокот килограми затоа што тоа е нешто со што отсекогаш сум се борела.

Токму поради ова објавувам работи на мојот Инстаграм од моето патување. Очигледно, имам пристап до некои одлични високо технолошки третмани, но сфатив дека токму малите нешта што ги правам секојдневно ја прават разликата. Како на пример денес, отидов на прошетка до Грифит Парк (во Л.А.) и тоа е бесплатно. Сите може да одат на прошетка и да пијат повеќе вода и да прават мали, постојани работи со кои ќе ги подобрат сопствените животи. Никогаш не е доцна да почнете, без разлика колку години имате“ – вели таа.

Во однос на прашањето како останува мотивирана да продолжи со здравите навики и покрај големиот број обврски, Вилсон вели дека веќе ѝ станало рутина да станува наутро и да вежба околу 90 минути во теретана.

Се шегува дека ги гледала документарните филмови на нејзиниот колега Марк Волберг и дека во голема мерка тоа што таа го прави наликува на неговата рутина.

„Многу е слично со она што јас го правев. Сепак јас не сакам да станувам како Марк во 4 наутро. Најчесто, треба да станам во 6 наутро“ – вели таа.

Оваа година како што вели, ја натерала да обрне внимание и на другите аспекти од нејзиниот живот, од финансиите, па сè до нејзината идна кариера во Холивуд.

Во моментов Холивуд ги отвора повторно вратите, а Ребел има голем број обврски таа ќе се појави во нејзината прва посериозна улога во филмот The Almond and the Seahorse, а следната година ќе се испроба и како режисер во филмот Girl Group.

Повеќе фотографии од актерката во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg