Дамиано Давид првпат „уловен“ со неговата девојка по скандалите на Евровизија – што знаеме за неа? (фото)


Дамиано Давид првпат „уловен“ со неговата девојка по скандалите на Евровизија – што знаеме за неа? (фото)

Првпат по победата и скандалите на Евровизија, фронтменот на италијанскиот бенд Måneskin беше забележан во јавност со девојката Џорџа, и тоа со чудна маица со фотографија од Бритни Спирс.

evroviziskiot-pobednik-damiano-david-na-proshetka-so-devojkata-dzhordzha-vo-chudna-maica-so-fotografija-od-britni-spirs-foto-01.jpg

По победата на Италија на овогодишната Евровизија, целиот свет се заинтересира за победничкиот бенд Måneskin, особено за фронтменот Дамиано Давид.

И покрај скандалите, 22-годишниот пејач веднаш им стана миленик на девојките ширум светот, но набрзо се дозна дека тој е во 4-годишна врска со 25-годишната Џорџа Солери - италијански модел и инфлуенсерка.

Оваа вест беше изненадување за обожавателките бидејќи и пејачот, и Џорџа речиси и да не споделуваат заеднички фотки, а уште поретко се забележувани заедно во јавност.

evroviziskiot-pobednik-damiano-david-na-proshetka-so-devojkata-dzhordzha-vo-chudna-maica-so-fotografija-od-britni-spirs-foto-02.jpg

Прочитајте повеќе: Страда од вулводинија и отворено зборува за тоа – Која е Џорџа Солери, девојката на Дамиано Давид?

Сепак, деновиве парот се појави заедно во јавност, а на социјалните мрежи беа споделени неколку папарацо фотки.

evroviziskiot-pobednik-damiano-david-na-proshetka-so-devojkata-dzhordzha-vo-chudna-maica-so-fotografija-od-britni-spirs-foto-03.jpg

На фотографиите и двајцата изгледаат одлично. Џорџа носи бел фустан и црна чанта, а во нејзиниот изглед доминира црвениот кармин за усни. Дамиано, пак, носи кежуал комплет со две бои и малку необична маица која е спој од хит-серијата Stranger Things и фотографија од Бритни Спирс направена во периодот кога си ја избричи главата.

evroviziskiot-pobednik-damiano-david-na-proshetka-so-devojkata-dzhordzha-vo-chudna-maica-so-fotografija-od-britni-spirs-foto-05.jpg

evroviziskiot-pobednik-damiano-david-na-proshetka-so-devojkata-dzhordzha-vo-chudna-maica-so-fotografija-od-britni-spirs-foto-06.jpg

evroviziskiot-pobednik-damiano-david-na-proshetka-so-devojkata-dzhordzha-vo-chudna-maica-so-fotografija-od-britni-spirs-foto-04.jpg

Погледнете и „Лошото момче“ од Евровизија ја размрда Европа: Бившите девојки и скандалите на Дамиано Давид (22) од Måneskin

Спирова С. | Црнобело / Фото: Инстаграм, Твитер

Би можело да ве интересира:

Зошто ова е најмоќната фотографија од Меган Маркл и каква порака ни испраќа? И додека нејзиниот сопруг ја убедувал да не присуствува на настанот во Royal Alb...
Што носи Ријана кога оди во маркет и не сака никој да ја препознае? Кога Ријана оди да си купи сирење, ориз и леб изгледа како сосема „обична“ девој...
Бритни Спирс со ризичен стајлинг на улиците во Париз (фото) Бритни Спирс периодов е комплетно посветена на нејзината турнеја Piece Of Me, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg