Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Додека Бритни е на одмор, судот донесе одлука да не ја ослободи - татко ѝ останува нејзин легален старател

И порај емотивното сведочење од минатата недела, сепак, Бритни не успеа да се ослободи од легалното старателство на нејзиниот татко, кој добива 16.000 долари месечно за да управува со нејзиното богатство.. Додека таа е на Хаваи на одмор со нејзиното момче Сем Ашгари, судијата донесе пресуда и не е во прилог на познатата пејачка.

Dodeka-Britni-e-na-odmor-sudot-donese-odluka-tatko-i-ostanuva-nejzin-legalen-staratel-01.jpg

Судијата Бренда Пени во текот на вчерашниот ден (30.06) ја потпиша пресудата што и понатаму му овозможува на Џејми Спирс да има целосна контрола врз животот на неговата ќерка.

Засега нема детали на што се заснова ваквата одлука, но се очекува дека легалниот тим на пејачката ќе поднесе жалба на одлуката во најскор можен рок.

На 23-ти јуни годинава Бритни се најде во медиумите откако јавно сведочеше против легалното старателство на нејзиниот татко, кој има целосна контрола како врз сите одлуки во нејзиниот живот, така и врз нејзиното богатство „тешко“ 60 милиони долари. Дополнително, Џејми добива месечно по 16.000 долари надомест за управување со нејзиниот имот, додека Бритни треба неделата да ја помине со 2.000 долари.

Dodeka-Britni-e-na-odmor-sudot-donese-odluka-tatko-i-ostanuva-nejzin-legalen-staratel-02.jpg

Од друга страна пак, нејзиниот тако Џејми Спирс поднесе поинаква мoлба со која побара да се истражат тврдењата на неговата ќерка за време на нејзиното сведочење.

Во меѓувреме, додека Судот ја донесе одлуката Бритни е на одмор на Хаваи, каде ужива со нејзиното момче Сем Ашгари.

Dodeka-Britni-e-na-odmor-sudot-donese-odluka-tatko-i-ostanuva-nejzin-legalen-staratel-03.jpg

Засега нема коментар од нејзина страна за одлуката на sудот, но деновиве таа на Инстаграм објавуваше видеа во бикини и како танцува со високи потпетици по подолго време.

Инаку, по сведочењето на Бритни каде таа тврдеше дека татко ѝ донесувал одлуки за сè во нејзиниот живот, од тоа колку пари смее да троши, до бојата на елементите во нејзината кујна, понатаму дека поради нив не може да стапи во брак со своето момче и да има уште деца - сè поголем број поддржувачи се приклучија кон движењето за „Ослободување на Бритни“.

Во нејзина одбрана застанаа и нејзината сестра Џејми Лин, поранешното момче Џастин Тимберлејк, но и некогашната лута ривалка на сцената Кристина Агилера.

Како понатаму ќе се развива оваа приказна, останува да видиме.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg