Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мислеле дека Мајкл Даглас ѝ е дедо, ја наследи убавината од мама – Како изгледа ќерката на Кетрин Зита-Џонс?

Големата разлика во годините (25) помеѓу холивудските актери Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас во минатото често била тема на дискусија, но и покрај сè, тие сè уште се заедно и по 20 години брак.

mislele-deka-majkl-daglas-i-e-dedo-ja-nasledi-ubavinata-na-mama-kako-izgleda-denes-kjerkata-na-ketrin-zita-jones-01.jpg

За оние што не знаат Мајкл и Кетрин стапија во брак во ноември 2000-та година. Тие заедно имаат две деца, синот Дилан (20) и ќерката Карис (18).

Нивното помало дете, ќерката Карис веќе е полнолетна, а по сè изгледа има намера да тргне по стапките на мама. Таа неодамна заврши средно училиште, но многумина велат дека мошне потсеќа на нејзината мајка па воопшто не изненадува фактот дека тие две веќе работат заедно на модни кампањи и се појавуваат на насловните страни на некои реномирани списанија.

Карис е активна на социјалните мрежи, па освен фотографиите од модните снимања често објавува и фотографии од нејзиното семејство.

Иако многумина мислат дека нејзиното детство е совршено, особено затоа што потекнува од холивудско семејство, сепак и таа во минатото говореше дека и таа се соочувала со проблеми.

Во интервју за Town & Country, Карис говореше дека честопати била мета на насилници затоа што нејзиниот татко е повозрасен.

Мајкл Даглас имаше 58 години кога се роди Карис, а е 25 години повозрасен од нејзината мајка Кетрин.

„Понекогаш знаеја да ми речат: ‘Дедо ти дојде да те земе’“ – вели таа, а особено тешко ѝ паѓале пишувањата во таблоидите за возраста на нејзиниот татко и за неговата слава.

„Имаше фотографија од татко ми и напишале: ‘Мајкл Даглас повторно има рак, има уште еден месец живот’. По ова само почнав да плачам. Мислев: ‘Зошто родителите не ми кажаа за ова?!’ Но, тоа не беше вистина. Луѓето само бараат приказна за раскажување“ – рече таа.

Додека растела, велеше дека воопшто не го гледала татко ѝ како познат актер, туку мислела дека тој прави палачинки.

Како и да е Карис е веќе полнолетна и очигледно почнува самата да ја гради сопствената кариера. Имајќи предвид дека ја наследила убавината на мама, се очекува дека ќе стигне далеку и ќе успее да ги оствари сопствените цели.

Погледнете уште неколку фотографии од неа:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg