Дали Џенифер Анистон и Анџелина Џоли некогаш се сретнале?

За Џенифер Анистон и за Анџелина Џоли е заедничко тоа што и двете биле сопруги на мега-популарниот актер Бред Пит, а и двете поминале развод со него...

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-01.jpg

Џенифер беше изневерената сопруга, која Бред Пит ја остави поради Анџелина Џоли, а Анџелина веќе неколку години ја води судската битка со нејзиниот поранешен сопруг. Јавно е познато дека тие немаат мошне високо мислење една за друга.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-02.jpg

Јасно е дека Џенифер има добра причина зошто не е голем обожавател на Анџелина. Тие и двете во одделни прилики даваа интервјуа. Прво Анџелина отворено проговори како се вљубила во Бред Пит на снимањето на филмот Mr and Mrs Smith, а за Џенифер беше проблематичен тајмингот на нивната врска, затоа што во време на снимањето на споменатиот филм Бред беше во брак со неа.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-03.jpg

Иако снимањето на филмот почна додека Бред и Џенифер сè уште беа во брак, Анџелина напомена дека ништо не се случило помеѓу неа и Бред додека тој бил оженет. Таа дури призна и дека „не знаела многу за приватниот живот на Бред“.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-04.jpg

Според Џенифер, не беше во ред тоа што Анџелина говори на тој начин. Сепак, таа не упати директни навреди кон тогаш идната сопруга на нејзиниот поранешен сопруг. Таа само го оцени интервјуто како „малку неточно“.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-06.jpg

Но, иако честопати говореле една за друга, имале ист сопруг, сепак останува отворено прашањето: Дали некогаш воопшто се запознале?

Според обожавателите, Џенифер Анистон важи за мошне љубезна личност и сите се прашуваат што би ѝ рекла таа на Анџелина кога би имала прилика да ја види во живо.

Џенифер одговори на ова прашање во 2006-тата година. Таа во интервју за Vanity Fair рече дека имала прилика еднаш да се види со Анџелина на сетот на „Friends“.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-08.jpg

Во тоа време Џенифер сè уште била во брак со Бред Пит, па одлучила да се претстави и да се запознае со Анџелина и ѝ рекла:

„Бред е мошне возбуден што ќе работи со тебе. Се надевам дека ќе си поминете убаво“.

Сега од временска дистанца, кога го имаме расплетот на целата приказна, мора да признаеме дека ова биле на некој начин зборови што ниту самата Анистон не знаела колкаво значење ќе имаат во иднина. По ова, нема други информации дека некогаш се сретнале.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-09.jpg

Во основа, Џенифер и Анџелина се сосема спротивни како личности и се чини дека немаат ништо друго заедничко помеѓу нив освен браковите со истиот актер.

По разводот со Бред Пит, Џенифер беше во брак со Џастин Тероу од 2015-тата до 2018-тата година. И оттогаш е сингл. По разводот на Бред Пит со Анџелина имаше гласини дека наводно актерот повторно планира да се ожени со својата прва сопруга – но тоа останаа само гласини и шпекулации.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-10.png

За Џенифер се смета дека во моментов се гледа со некој мистериозен човек, чијшто идентитет не се открива, но се знае дека не е премногу опседнат со нејзината слава.

Од друга страна, Анџелина во 2016-тата година поднесе документи за развод и тој процес сè уште трае. За потсетување, Бред и Анџелина живееја во вонбрачна заедница цели 10 години, се венчаа во 2014-тата, а се разведоа по само две години брак.

Dali-Dzenifer-Aniston-i-Andzelina-Dzoli-nekogash-se-sretnale-12.jpg

Се вели дека на Анџелина полека ѝ опаѓа славата во Холивуд, па поради тие причини се почесто може да ја забележат со пејачот The Weeknd.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg