Dr. Dre „тежи“ милиони, а неговата најстара ќерка со четири деца е бездомник – живее во автомобил

Најстарата ќерка на познатиот рапер Dr. Dre, Ла Тања Јанг вели дека е бездомник и во моментов живее во нејзиниот автомобил. Таа не го видела татко ѝ цели 18 години, а вели дека не добива никаква помош од него.

dr-dre-ima-milioni-a-negovata-najstara-kjerka-so-chetiri-deca-e-bezdomnik-01.jpg

Семејствата на популарните личности не се воопшто совршени, а таков пример е и семејството на познатиот рапер Dr. Dre. Заладените односи со неговата најстара ќерка излегоа на виделина, благодарение на нејзините изјави во медиумите. 

Ла Тања (38) работи како доставувач на храна за DoorDash и Uber Eats, а открива дека година и половина, односно од јануари 2020-тата воопшто не добила финансии од нејзиниот татко, популарниот музичар и продуцент Dr. Dre.

„Моите деца во моментов се кај пријатели, само јас живеам во автомобилот. Работам секојдневни работи само за да успеам да спојам крај со крај. Добивам 15 долари на час како работник во магацин. Се трудам само да се одржам. Долго време сум во долгови“ – вели таа во интервју за Daily Mail.

dr-dre-ima-milioni-a-negovata-najstara-kjerka-so-chetiri-deca-e-bezdomnik-02.jpg

Таа напоменува дека во минатото татко ѝ и помагал финансиски, но од минатата година помошта престанала затоа што таа разговарала со медиумите.

„Неговиот адвокат ми рече дека татко ми не сака да ми помогне затоа што сум говорела за него во медиумите. Се чувствувам дека е исто и ако говорам и ако не говорам. Само се обидувам да стапам во контакт со него и да видам дали сака да си ги види внуците“ – вели таа.

Ла Тања е најстара ќерка на Dr.Dre. Тој ја добил во врската со Лиза Џонсон со која се разделил кога Ла Тања имала само 5 години. Dr. Dre од оваа врска има уште две ќерки: Ла Тоја (36) и Ешли (35).

dr-dre-ima-milioni-a-negovata-najstara-kjerka-so-chetiri-deca-e-bezdomnik-03.jpg

Таа тврди дека татко ѝ воопшто не го видела во последните 18 години и дека со него комуницира само преку легалниот тим. Минатата година таа говореше за медиумите и велеше дека не бара пари од татко ѝ, туку дека само сака да стапи во контакт со него.

dr-dre-ima-milioni-a-negovata-najstara-kjerka-so-chetiri-deca-e-bezdomnik-04.jpg

Сега посочува, дека без неговата финансиска поддршка не се снаоѓа најдобро. Дури и автомобилот во којшто таа живее во моментов е под наем и стравува дека ќе нема доволно пари за да го плаќа во иднина. Автомобилот чини 2.300 долари за три недели, а таа платила само за една, па очекува кога-тогаш да ѝ го одземат и овој привремен дом.

Дополнително, Ла Тања е разочарана од фактот што нејзиниот татко на неговата друга поранешна сопруга Никол Јанг ѝ плаќа по 300.000 долари месечно по разводот.

„Се срамам затоа што луѓето ме гледаат и се прашуваат: ’Зошто? Што има Никол што мајка ми го немаше‘“ – вели таа.

dr-dre-ima-milioni-a-negovata-najstara-kjerka-so-chetiri-deca-e-bezdomnik-05.jpgDr. Dre и Никол Јанг

Инаку се проценува дека Dr. Dre е трет по ред најбогат рапер во светот со сметка дебела околу 820 милиони долари. Побогати од него се само Канје Вест и Џеј Зи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg