Страсни допири, смели пози: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер не ги тргаат рацете еден од друг на одмор во Италија
- Детали
- понеделник, 30 август 2021
Нема сомнеж дека Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се лудо вљубени еден во друг. Папарацо фотките од овој викенд додека славната двојка ужива во Италија на брегот Амалфи, покажува дека тие се однесуваат како тинејџери.
Страсни бакнежи на отворено, во чамец, на јахта... Кортни Кардашијан (42) и Тревис Баркер (45) не можат да ги тргнат рацете еден од друг.
Тапанарот на Blink 182 и ријалити ѕвездата беа уловени додека страсно се бакнуваа во чамец на брегот Амалфи, а претходно беа забележани како уживаат на луксузната јахта. Кортни беше фотографирана во танга бикини.
Освен папарацо фотките, двојката редовно споделува фотографии од одморот и на нивните Инстаграм профили.
„Тоа е љубов“ – напиша до фотографијата Кортни Кардашијан.
Прочитајте и Имаше трагична авионска несреќа, а 13 години подоцна Тревис се качува за првпат во авион – Кортни го држи цврсто за рака
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Кортни и Тревис:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





