Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


На Џиџи Хадид ѝ рекле дека е дебела – славни личности кои се соочиле со навреди и неуспеси пред да се прослават

Канје Вест

Еден од најпродаваните музичари на денешницата немал никаква поддршка и бил одбиен од бројни музички студија. Никој не верувал дека еден ден тој ќе биде успешен рапер.

Денес Канје е еден од музичарите со најмногу Греми номинации и им докажа на студијата што го одбија дека направиле огромна грешка.

na-dzhidzhi-hadid-i-rekle-deka-e-debela-slavni-lichnosti-koi-se-soochile-so-navredi-i-neuspesi-pred-da-se-proslavat-06.JPG

Клинт Иствуд

Ѕвездата на холивудските вестерн филмови претрпела многу навреди додека да се прослави.

Наводно, во 1959 година Клинт успеал да добие улога во филм на Universal Pictures, но набрзо бил отпуштен. Причината била мошне бизарна – на студиото му пречело тоа што актерот има истакнато адамово јаболко, поткршен заб и, според нив, зборувал многу бавно.

na-dzhidzhi-hadid-i-rekle-deka-e-debela-slavni-lichnosti-koi-se-soochile-so-navredi-i-neuspesi-pred-da-se-proslavat-07.JPG

Шакира

Шакира ја слушнала можеби најлошата навреда што можете да ѝ ја кажете на пејачка.

Додека одела на училиште, Шакира сакала да биде дел од училишниот хор, но професорот што го водел хорот ја одбил, кажувајќи ѝ дека „пее како коза“.

na-dzhidzhi-hadid-i-rekle-deka-e-debela-slavni-lichnosti-koi-se-soochile-so-navredi-i-neuspesi-pred-da-se-proslavat-08.JPG

Жизел Бундхен

Жизел почнала со обидите да се пробие на светската модна сцена на 14-годишна возраст, но веднаш се соочила со критики. Наводно, од модните агенции ѝ викале дека никогаш нема да стане модел бидејќи имала многу мали очи, а голем нос.

Веројатно агенциите си го смениле мислењето во 2016-та кога Жизел влезе во Гинисовата книга на рекорди како модел кој заработува најмногу.

na-dzhidzhi-hadid-i-rekle-deka-e-debela-slavni-lichnosti-koi-se-soochile-so-navredi-i-neuspesi-pred-da-se-proslavat-09.JPG

Тајра Бенкс

Тајра ја почнала кариерата уште на 15-годишна возраст, но кога наполнила 21 модната агенција ѝ рекла дека многу се здебелила, па дизајнерите не сакале да соработуваат со неа.

По оваа критика, Тајра планирала да почне да се изгладнува, но мајка ѝ ја натерала да одат на пица. Според моделот, мајка ѝ рекла:

„Нема шанси да дозволам моето дете да гладува за оваа проклета индустрија“.

na-dzhidzhi-hadid-i-rekle-deka-e-debela-slavni-lichnosti-koi-se-soochile-so-navredi-i-neuspesi-pred-da-se-proslavat-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бурна врска со актерот од „Касандра, го изневери поранешното момче со Пике - Љубовниот живот на Шаки... Била во врска со 16 години постариот актер Освалдо Риос  кој играше во ТВ с...
Тревис побарал дозвола да се ожени со Кортни, на гробот на татко ѝ, не ѝ ги викнал децата – нови дет... Тревис Баркер побарал дозвола од Крис Џенер, но и од починатиот татко на Кортни ...
Двејн Џонсон ја изненади мајка си со нова куќа: „Благодарение на тебе станав добар човек – горд сум ... „Кога имаш добра мајка, имаш шанса да станеш добар човек, мразам да ја гледам ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg