Емили Ратајковски: „Не сфаќав дека моето тело им припаѓа на мажите што ме направија славна“

Додека растела, на родителите на Емили Ратајковски им било важно нивната ќерка да е најубава. Мајка ѝ ја охрабрувала и ја поттикнувала да го привлекува вниманието кај мажите, иако била дете од 12-13 години. Биле потребни долги години за да изгради поинаков и поздрав однос од овој со сопственото тело и да се соочи со грозната вистина...

emrata-go-molev-bog-da-bidam-najubavata-devojka-ne-sfakjav-deka-moeto-telo-im-pripagja-na-mazhite-shto-me-napravija-slavna-01.jpg

Во својата книга My Body моделот Емили Ратајковски (30) пишува за тоа која е цената што морала да ја плати заради сопствената убавина и ја шокираше јавноста со своите изјави за нездравиот однос кон својата убавина и тело.

Како што вели, нејзините родители биле опседнати со нејзиниот изглед, а возрасните сексуално ја злоупотребувале уште кога била многу мала.

Емрата раскажува како еден наставник во основно училиште ѝ го тегнел градникот, многу порано пред Робин Тик да ја злоставува.

emrata-go-molev-bog-da-bidam-najubavata-devojka-ne-sfakjav-deka-moeto-telo-im-pripagja-na-mazhite-02.jpg

Како што вели, нејзината мајка Кати раскажува дека првите зборови на докторката што ја породила биле:

„Погледнете ја колку е крупна! Таа е прекрасно бебе“ – и следниот ден ги донела сопствените деца само за да ја видат.

emrata-go-molev-bog-da-bidam-najubavata-devojka-ne-sfakjav-deka-moeto-telo-im-pripagja-na-mazhite-03.jpg

Како што раскажува Ратајковски, додека растела во Сан Диего како единствено дете, постојано ги слушала приказните на мајка ѝ дека и таа била мошне убава и наликувала на Елизабет Тејлор и Вивен Ли.

Мајка ѝ ѝ раскажувала за тоа како кога таа била во средно училиште во дворот под нејзиниот прозорец секогаш имало момчиња што сакале да ја видат и за љубоморните девојки што се обидувале да ја омаловажат.

„За моите родители, а особено за мајка ми беше мошне важно луѓето да сметаат дека сум убава“ – пишува Ратајковски и вели дека секоја ноќ му се молела на Бог да ја направи најубава.

emrata-go-molev-bog-da-bidam-najubavata-devojka-ne-sfakjav-deka-moeto-telo-im-pripagja-na-mazhite-04.jpg

На возраст од 14 години ја започнала својата кариера како модел. Првиот пат кога моден агент ја забележал Емрата, тоа било во супермаркет, а вели дека очекувала дека ваквата кариера ќе ги задоволи нејзините родители.

Тие ја носеле на кастинзи слично како што родителите на нејзините соученици ги носеле на натпревари. Мајка ѝ Кати била постојано со неа, да ја потсети дека кога ќе влезе треба да ја тргне косата од лицето со раката со заводнички потег.

Како што пишува во своите шокантни исповеди, таа го привлекувала вниманието кај машките уште на 12 години, а мајка ѝ била воодушевена од тоа како мажите ја гледале на минување.

emrata-go-molev-bog-da-bidam-najubavata-devojka-ne-sfakjav-deka-moeto-telo-im-pripagja-na-mazhite-05.jpg

На возраст од 13 години таа била избркана од училишна игранка откако наставниците процениле дека е облечена премногу провокативно.

„Бев дете, но некако уште тогаш бев експерт за да го привлечам вниманието кај мажите иако воопшто не знаев што треба да правам“.

emrata-go-molev-bog-da-bidam-najubavata-devojka-ne-sfakjav-deka-moeto-telo-im-pripagja-na-mazhite-06.jpg

Кога била во средно училиште, еден агент покажал некои фотографии направени одблиску од неа и рекол:

„Ова е изгледот што ми треба. Вака знаеме дека оваа девојка ќе биде е**на!“

„Поцрвенев од срам. Се прашував дали треба да се гордеам со тоа?“ - признава Ратајковски.

За тоа како реагирала мајка ѝ на овие фотографии и изјави проследете на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg