Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Актерите од Friends се простуваат со колегата Џејмс Мајкл Тејлор, кој почина по долгогодишна борба со рак

Актерите од ТВ серијата Friends, се простуваат со Џејмс Мајкл Тејлор, познат по улогата на Гантер, кој почина на возраст од 59 години, по долгогодишна борба со рак.

akterite-od-friends-se-prostuvaat-so-kolegata-djejms-majkl-tejlor-koj-pochina-po-dolgogodishna-borba-so-rak-01.jpg

Актерот беше познат по улогата на Гантер, човекот што платонски беше вљубен во Рејчел (Џенифер Анистон) во сите десет сезони од серијата.

akterite-od-friends-se-prostuvaat-so-kolegata-djejms-majkl-tejlor-koj-pochina-po-dolgogodishna-borba-so-rak-02.jpg

Актерот почина во неговиот дом во Лос Анџелес, а неговото семејство излезе со изјава во која пишува:

„Светот го знаеше како Гантер (седмиот ’пријател‘), од хит-серијата Friends, но за блиските луѓе тој беше актер, музичар, сопруг и гласноговорник во борбата против ракот.

Мајкл сакаше музика во живо, да навива за Клемсон Тајгерс и често се наоѓаше себеси во непланирани авантури. Ако сте го сретнале еднаш, сте стекнале пријател за цел живот.“

akterite-od-friends-se-prostuvaat-so-kolegata-djejms-majkl-tejlor-koj-pochina-po-dolgogodishna-borba-so-rak-07.jpg

На актерот за првпат му бил дијагностициран рак во 2018-та година, но дијагнозата ја чувал во тајност 3 години.

Оваа година во јуни тој за првпат јавно проговори дека се бори со злокобната болест, при што нагласи дека ракот најпрво се појавил на простатата, а потоа се проширил и на коските.

akterite-od-friends-se-prostuvaat-so-kolegata-djejms-majkl-tejlor-koj-pochina-po-dolgogodishna-borba-so-rak-06.jpg

Колегите од популарната ТВ серија Friends, на Инстаграм се простуваат со него.

Џенифер Анистон објави кратко видео и фотографија до кои напиша:

„Серијата Friends немаше да биде иста без тебе. Ти благодарам за смеата што ја донесе во шоуто, но и во нашите животи. Премногу ќе ни недостасуваш.“

Кортни Кокс исто така објави фотографија од Мајкл на нејзиниот Инстаграм профил до која напиша:

„Со себе носеше огромна благодарност и ја покажуваше на секој сет. Благодарна сум што имав можност да те познавам. Почивај во мир.“

Со објава на Инстаграм се простија и Мет Лебланк, познат по улогата на Џои и Лиза Кудроу позната по улогата на Фиби:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Познати личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2024-та Шенон Доерти ја изгуби битката со ракот, додека Лиам Пејн трагично загина на сам...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Кои познати личности ја криеја дијагнозата со рак? Јавноста дозна дека Дејвид Боуви имал рак на црниот дроб дури по неговата смрт, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg