Кои познати личности ја криеја дијагнозата со рак?

Јавноста дозна дека Дејвид Боуви имал рак на црниот дроб дури по неговата смрт, исто како и за Чедвик Боузман.

slavni-lichnosta-koi-ja-krieja-dijagnozata-so-rak-01.jpg

Зборот ’рак‘ е едно од најлошите нешта што можете да ги слушнете од вашиот лекар.

Иако денес постојат терапии за разните видови рак, битката не е воопшто лесна.

А, бидејќи станува збор за мошне личен проблем, не е ни чудно што многу славни личности одлучуваат да ја скријат дијагнозата од јавноста.

Дел од ѕвездите кои криеја дека имаат рак:

Бен Стилер

Холивудскиот актер првпат прозборе за ракот на простата во 2016-та, две години откако ја добил дијагнозата.

Тој откри дека немал никакви симптоми, а ракот бил откриен во 2014-та на рутински преглед.

Набрзо потоа му била направена операција и иако ракот бил излечен, актерот изјави дека чувствува последици, како проблеми во сексуалниот живот.

slavni-lichnosta-koi-ja-krieja-dijagnozata-so-rak-02.JPG

Софија Вергара

Софија Вергара откри дека имала рак скоро две децении откако била излечена.

Актерката добила дијагноза за рак на тироидната жлезда на само 28 години, а првпат прозборе за болеста дури во 2021-ва.

„На 28-годишна возраст, не очекував да го слушнам зборот ’рак‘. Бев на рутински преглед, но лекарите најдоа тумор во грлото…

Поминав часови на третмани со радијација, а потоа ми направија и операција. Денес можам да се наречам личност која го преживеала ракот“.

slavni-lichnosta-koi-ja-krieja-dijagnozata-so-rak-03.JPG

Дејвид Боуви

За фановите, смртта на Дејвид Боуви во 2016-та беше огромен шок бидејќи никој не знаеше дека имал рак.

Пејачот добил дијагноза за рак на црниот дроб околу 18 месеци пред да ја изгуби битката.

За болеста знаеле само најблиските пријатели и членови на семејството бидејќи не сакал да се одвлекува фокусот од неговиот последен албум.

slavni-lichnosta-koi-ja-krieja-dijagnozata-so-rak-04.JPG

Чедвик Боузман

Ѕвездата од Black Panther ја изгуби битката со ракот, а јавноста дозна за болеста дури по неговата смрт.

Во 2016 година, актерот бил дијагностициран со рак на дебелото црево.

И, додека одел на хемотерапија и му биле правени операции, тој продолжи да работи, па никој не се ни посомнева дека нешто не е во ред.

За жал, ракот стигнал до четврти стадиум и во 2020 година актерот почина.

slavni-lichnosta-koi-ja-krieja-dijagnozata-so-rak-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава