Славни личности кои ја изгубија битката со ракот

Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во ремисија, но потоа се врати во поагресивна форма. Актерката отворено зборуваше за својата битка, сè до нејзината смрт во 2024-та.

slavni-lichnosti-koi-ja-izgubija-bitkata-so-rakot-01.jpg

Ракот важи за една од најстрашните болест, најмногу бидејќи терапиите не секогаш гарантираат дека нема да се врати во иднина.

Многу луѓе успеале да се изборат со ракот, за потоа да имаат долги и среќни животи. За жал, некои ја изгубиле оваа борба, а меѓу нив има и доста славни личности.

Кои познати личности ја изгубија битката со ракот?

Дејвид Боуви

Дејвид Боуви, кој важи за еден од највлијателните музичари во светот, почина во 2016-та, на 69-годишна возраст од рак на црниот дроб.

Пејачот водеше битка со болеста околу 18 месеци, но ја криеше од јавност.

Тој почина само два дена откако го издаде својот последен албум, па многу фанови го гледаат како збогување.

slavni-lichnosti-koi-ja-izgubija-bitkata-so-rakot-02.JPG

Алан Рикман

Исто како Дејвид Боуви, ѕвездата од серијалот „Хари Потер“ почина во 2016-та, на 69-годишна возраст.

Познатиот актер имаше рак на простата кој му бил дијагностициран уште во 2005-та.

Десет години подоцна, актерот имал мозочен удар, а додека престојувал во болница му соопштиле дека ракот се вратил.

За неговата битка со болеста знаеја само најблиските, додека повеќе детали беа откриени откако почина.

slavni-lichnosti-koi-ja-izgubija-bitkata-so-rakot-03.JPG

Волт Дизни

Волт Дизни беше пионер во областа на анимацијата и засекогаш ја промени филмската индустрија.

Добро познат факт е и дека бил страстен пушач кој не сакал да користи ни филтри на цигарите.

Во 1966 година бил дијагностициран со рак на белите дробови, почнал да оди на терапија и верувал дека му помогнала.

Но, неполн месец подоцна состојбата му се влошила и почина во декември истата година, на 65-годишна возраст.

slavni-lichnosti-koi-ja-izgubija-bitkata-so-rakot-04.JPG

Боб Марли

Познатиот реге изведувач почина многу млад, на само 36-годишна возраст.

Тој страдаше од ретка и агресивна форма на рак на кожата.

Болеста почнала да се појавува на неговото стапало, но пејачот одбивал ампутација и се одлучил за помалку инвазивен третман.

За жал, ова не функционирало, ракот почнал да се проширува и тој ја изгуби битката во 1981 година.

slavni-lichnosti-koi-ja-izgubija-bitkata-so-rakot-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg