Славни личности кои ја изгубија битката со ракот
Стив Џобс
Основачот на Apple водеше долга битка со редок вид рак на панкреасот.
Првпат ја добил дијагнозата во 2003 година, но извесен период одбивал медицински третман и пробувал да се лекува со алтернативни методи.
Но, до 2009 година, ракот се проширил на неговиот црн дроб, па Џобс имаше и трансплантација.
Ја изгуби битката во 2011-та, на 56-годишна возраст.
Патрик Свејзи
Патрик Свејзи доцна дознал за неговата болест – имал рак на панкреасот во четврти стадиум кога ја добил дијагнозата.
Актерот примаше хемотерапија, а одеше и на експериментални третмани, но две години подоцна, во 2009-та, ѝ подлегна на болеста.
Патрик Свејзи се бореше до самиот крај и ја споделуваше својата битка, а беше инспирација бидејќи не престана со работа поради болеста.
Почина во 2009-та, на 57-годишна возраст.
Џеки Кенеди
Сопругата на некогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди е уште една јавна личност која се соочила со страшната болест.
Кон крајот на 1993-та, Џеки била дијагностицирана со агресивна форма на Не-Хочкинов лимфом.
Болеста почнала да се проширува на нервниот систем и црниот дроб, а Џеки пробувала секакви третмани, како хемотерапија и радијација, притоа продолжувајќи со своите работни обврски.
Ракот брзо напредувал, па Џеки почина во 1994-та, на 64-годишна возраст.
Чедвик Боузман
Смртта на Чедвик Боузман беше огромно (непријатно) изнајдување бидејќи никој воопшто не знаеше дека актерот има рак.
Во 2016 година, тој добил дијагноза за рак на дебелото црево, но успешно ја криеше дијагнозата.
Продолжи со работа и, впрочем, овој период сними дел од неговите најпознати филмови, како Black Panther.
Актерот почина во 2020-та, кога имаше само 43 години.
Шенон Доерти
Ѕвездата од Beverly Hills и Charmed отворено зборуваше за проблемите со здравјето, а нејзината битка со ракот траеше многу долго.
Најпрво актерката беше дијагностицирана со рак на дојката и по мастектомија и низа други третмани, беше во ремисија.
За жал, ракот ѝ се врати во 2020-та, овој пат во четврти стадиум.
Болеста почна да се шири во нејзиниот мозок и нејзините коски, а Шенон честопати споделуваше видеа од нејзините прегледи и третмани.
Во 2024-та, на 53-годишна возраст, актерката ја изгуби долгата битка.
Спирова С. | Црнобело
