Џанлука Ваки и Шерон Фонсека објавија фотки од породувањето + емотивни исповеди за роденденот на ќерката

„Блу Јерузалема, сега знам зошто те чекав толку долго. Ремек делата доаѓаат само по долги патишта и ги чекаш толку долго затоа што се уникатни и имаат огромно влијание врз твојот живот“, напиша Џанлука Ваки за својата ќеркичка, која ја доби на 53 години, со 28 години помладата девојка Шерон.

djanluka-vaki-i-sheron-fonseka-objavija-fotki-od-poroduvanjeto-emotivni-ispovedi-za-rodendenot-na-kjerkata-01.jpg

Џанлука Ваки и Шерон Фонсека го прославија првиот роденден на нивната ќерка Блу Јерузалема. Тие неретко истакнуваат дека таа е целиот нивен свет, а сега искрено и од душа открија колку всушност им значи.

Џанлука за својата мала наследничка напиша:

„Ти пристигна во нашите животи како ангел и ја промени перспективата на целиот наш свет. Сега знам зошто те чекав толку долго.

Ремек делата доаѓаат само по долги патишта и ги чекаш толку долго затоа што се уникатни и имаат огромно влијание врз твојот живот.

Те сакам моја принцезо, ништо не е како претходно и живеам за секој твој здив. Среќен роденден Блу Јерузалема.“

Објавата на неговата партнерка Шерон Фонсека гласи:

„Нашата принцеза од соништата, така те викаат тато и мама, затоа што ти си нашата бајка. Ти го осветлуваш нашиот свет. Ти ги исполнуваш нашите души со најчиста љубов која може да постои и ни покажа една прекрасна, ранлива, специјална авантура.

Ти си силна, храбра и брилијантна како сино небо полно ѕвезди, моето небо. Ти ме научи повеќе за една година, отколку што научив за цел живот.

Секогаш ќе те сакам. Сега и засекогаш. Мојата Блу Јерузалема, среќен роденден.“

djanluka-vaki-i-sheron-fonseka-objavija-fotki-od-poroduvanjeto-emotivni-ispovedi-za-rodendenot-na-kjerkata-02.jpg

djanluka-vaki-i-sheron-fonseka-objavija-fotki-od-poroduvanjeto-emotivni-ispovedi-za-rodendenot-na-kjerkata-05.jpg

djanluka-vaki-i-sheron-fonseka-objavija-fotki-od-poroduvanjeto-emotivni-ispovedi-za-rodendenot-na-kjerkata-04.jpg

djanluka-vaki-i-sheron-fonseka-objavija-fotki-od-poroduvanjeto-emotivni-ispovedi-za-rodendenot-na-kjerkata-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја учи ќеркичката да плива, ја храни: Џанлука Ваки ужива во улогата на татко, но и сопруг (фото) Убавата Шерон Фонсека ужива во бракот со шармантниот Италијанец и не штеди на уб...
Џанлука Ваки танцува во приватен џет, Шерон Фонсека во најсекси издание досега - парот во САД е повљ... „Ти ја претставуваш најдобрата верзија од сè за што некогаш сонував. Ти и нашата...
Џанлука Ваки и Шерон Фонсека вљубени во новиот дом во Мајами – тон забави и раскош, таа посекси од к... „Сè што сакам за Божиќ си ти“, му порача Шерон на саканиот Џанлука Ваки. Таа е п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg