Едвај избегнал затвор, го смени личниот опис за да стане славен – Помалку познати факти за Џанлука Ваки

На Инстаграм го гледаме како ужива во патувањата и луксузот, а сам призна дека морал да престане да се занимава со претприемништво откако 18 години се борел за да избегне 4-годишна затворска казна. Кои мрачни тајни на Џанлука Ваки не ѝ се познати на јавноста?

edvaj-izbegnal-zatvor-go-smeni-lichniot-opis-za-da-stane-slaven-pomalku-poznati-detali-za-djanluka-vaki-01.jpg

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки (56) во последниве неколку години ужива во својот раскошен живот со партнерката Шерон Фонсека и ќерката Блу Ерусалема, па често објавува фотки и видеа од патувањата и моментите поминати со најблиските.

Но, зад совршениот живот на Инстаграм, познатиот италијански милионер има голем број тајни и проблеми, за кои неговите 22 милиони следбеници не знаат, освен ако не ги следат објавите во италијанските медиуми.

До својата 40-та година Џанлука Ваки бил успешен бизнисмен, а потоа одлучил да сврти ново поглавје во животот и да почне да работи како диџеј и продуцент.

Денес е еден од најбогатите диџеи во светот, но парите не ги заработил од музика, туку од сопствените бизниси.

„Имам два живота. Сега го живеам вториот. Во првиот живот бев бизнисмен.

Додека бев млад трчав по пари и потоа, во 40-тите години, сфатив дека животот брзо ќе ми пројде додека јас бркам пари“ – рече тој во една пригода.

edvaj-izbegnal-zatvor-go-smeni-lichniot-opis-za-da-stane-slaven-pomalku-poznati-detali-za-djanluka-vaki-04_copy.jpg

Тој стана познат по видеата на кои танцува и иако многумина сметаат дека се родил богат, Џанлуки во една пригода рече дека најголем дел од своето богатство го заработил сам.

„Моето богатство е од минатиот живот, што го живеев 25 години. Многумина мислат дека јас од раѓање сум бил многу богат, но тоа не е вистина. Роден сум во имотно италијанско семејство, би рекол просечно имотно.

Моето семејство имаше мал бизнис, но со голем потенцијал. И така, јас го презедов  иако тоа беше голема коцка, но успеав и од мал бизнис направив голема компанија“ – откри Џанлука Ваки за vecernji.hr.

По првичната заработка од оваа компанија, тој почнал да се занимава со инвестиции, во кои понекогаш добивал, а понекогаш и губел.

Тој беше извршен директор на компанија за производство на авто приколки и член на управниот одбор на фармацевтска компанија.

edvaj-izbegnal-zatvor-go-smeni-lichniot-opis-za-da-stane-slaven-pomalku-poznati-detali-za-djanluka-vaki-05.jpg

Но, во 2003-та година тој се соочил со најголемиот проблем, кога му се заканувала затворска казна од 4 години и 6 месеци.

Претходно, во 2001-ва година продал една од своите компании и се сметало дека бил вмешан во нејзиниот банкрот, заради што 18 години водел судски процес во кој се трудел да ја докаже својата невиност.

edvaj-izbegnal-zatvor-go-smeni-lichniot-opis-za-da-stane-slaven-pomalku-poznati-detali-za-djanluka-vaki-07.jpg

Во тој период бил обвинет дека има долгови од 10,5 милиони евра, по што му биле запленети имоти и јахти.

Но, откако во 2021-ва година беше објавено дека тој е ослободен од сите обвиненија, Џанлука даде само кратка изјава во која нагласи:

„Кога 18 години сте на суд и конечно сте ослободени, затоа што не постојат докази, човек може да каже само две работи: задоволството е огромно, но тие 18 години се долги, како цела вечност“.

edvaj-izbegnal-zatvor-go-smeni-lichniot-opis-za-da-stane-slaven-pomalku-poznati-detali-za-djanluka-vaki-02.jpg

Џанлука јавно призна дека овој судски процес во голема мера го натерал да престане да се занимава со претприемништво.

„Оваа приказна влијаеше толку многу врз мене, што со години не можев да се занимавам со претприемништво.

Морав да измислам нов живот на Инстаграм, затоа што реалноста ми беше толку сурова и морав да креирам виртуелна стварност“ – рече тој.

edvaj-izbegnal-zatvor-go-smeni-lichniot-opis-za-da-stane-slaven-pomalku-poznati-detali-za-djanluka-vaki-06.jpg

Инаку, ова не е единствениот случај кога Џанлука се соочил со обвиненија и судски процеси.

Во 2021-ва година тој повторно се најде пред суд со нови обвиненија, а му беше замрзнат целиот имот.

Во 2022-ра година, пред суд се соочи со брат му Бернардо, со кого заедно го наследиле семејниот бизнис Industria Macchine Automatiche.

Во тој период, Бернардо бараше од Џанлука да му исплати долгови во вредност од 200.000 евра, и ја доби судската битка.

Сега, во 2024-та година, италијанскиот инфлуенсер повторно се соочува со нов судски процес. Тој во март годинава се најде на списокот на инфлуенсери во Италија кои затајувале данок.

Во моментов е обвинет дека затаил данок во вредност од 7 милиони евра.

Прочитајте и Џанлука Ваки покажа дека е татко за пример: „Вака се поставуваат високи стандарди за ќерките“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Џанлука Ваки го прослави 56-иот роденден - саканата го изненади со торта со свеќички, ќеркичката му ... „Го славиме твојот живот, денес и засекогаш“, вели Шерон Фонсека (28), која му п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg