Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ти си во него“
- Детали
- вторник, 14 октомври 2025
„Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, затоа што животот стана толку убав откако ти си во него“, му порача американската пејачка и актерка Дав Камерон на саканиот Дамиано Давид од Måneskin, кој пред неа беше 6 години во врска со друга девојка по име Џорџија.

Пејачот на групата Måneskin, Дамиано Давид, кој го привлече вниманието на светската јавност по победата на Евровизија во 2021-ва во тој период беше во врска со тогашната девојка Џорџија, со која откако раскина љубов пронајде покрај американската пејачка и актерка Дав Камерон.

Парот сега прослави 2 години врска, а Дав ја одбележа годишнината со Дамиано со емотивна објава на Инстаграм.

Актерката од „Descendants“ сподели низа фотографии со фронтменот на Måneskin, кој сега гради и соло кариера, за да го прослави овој важен момент од нивната врска.

„Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, затоа што животот стана толку убав откако ти си во него.
Те сакам на начин кој не може да се опише со зборови, но никогаш нема да престанам да се обидувам.
Среќна годишнина љубов моја“, му напиша таа.

Давид кратко ѝ одговори со едноставна порака: „Ти си најубавиот дел од тоа што сум жив“.

Камерон и Давид, првпат ги разгореа гласините за врска во 2023 година и се еден од најкоментираните млади славни парови во светот на музиката и филмот.


На почетокот на оваа година, Камерон откри дел од нивната романса преку музичко видео, во кое беа прикажани лични и интимни моменти од нивниот однос.
